Турист во Лисабон искрши статуа стара 400 години за да се слика со неа
- Детали
- четврток, 10 ноември 2016
Ако не бевте фан на селфи фотките и оние кои постојано мора да ги прават, сега ќе ги презирате уште повеќе.
Еден турист бутнал и искршил статуа од 18-от век додека се обидувал да се фотографира со неа.
Статуата „Свети Михаил“ се наоѓа во Националниот музеј на античка уметност во Лисабон, но за жал, истата некој период нема да биде изложена.
Несовесниот турист од Бразил ја бутнал и искршил статуата, но сè уште се истражува точно како и зошто се случил настанот.
Нино Мигел Родригез успеал да ја долови сцената со две фотографии кои брзо станаа вирални на Фејсбук.
Директорот на музејот, Хозе Алберто Себра Карваљо вели дека „работел многу години во музејот, но никогаш не му се случил сличен настан“.
Името на човекот кој ја искршил статуата се држи во тајност.
Инаку, работниците од музејот велат дека ќе се обидат да ја реставрираат статуата и очекуваат со многу труд реставрацијата да биде долга, но успешна.
Н. Г. | Црнобело