Богаташи без дипломи
- Детали
- вторник, 20 октомври 2009
Прошетката по биографиите на најпознатите светски бизнисмени исфрли на површина eдна интересна констатација – дури една третина од 400-те...
...најбогати луѓе на планетата немаат факултетска диплома, што е дијаметрално спротивно на денешните инсистирања дека знаењето е најголемото богатство.
Практиката покажува дека за голем број луѓе факултетите и не се некој битен фактор за нивниот успех.
Без факултетска диплома успеаа основачите на Microsoft, најбогатиот човек на светот, Bill Gates и неговиот партнер Paul Allen, потоа мозокот на Apple Computers, Steve Jobs, но и првиот човек на Dell Computers, Michael Dell, кој почнувајќи со само 1.000 долари во џебот успеа да дојде до најпрофитабилното производство на компјутери, вредно 12,3 милијарди долари.
Оваа состојба не е присутна само во компјутерскиот бизнис, меѓу успешните на кои учењето не им било силна страна се и Richard Branson, кој исто така почнал од нула, а денес има 360 успешни претпријатија.
Гледано низ историјата, меѓу попознатите во оваа група влегуваат и Henry Ford, кој почнал како чирак на 16 години, но и легендарниот Walt Disney.
Сепак, мора да се спомне дека вториот и третиот на годинашната ранг листа на Forbes, Warren Buffet, најпознатиот светски инвеститор и Carlos Slim, мексиканскиот телекомуникацијски магнат со либијско потекло, имаат факултетска диплома.
Значи, може да се изведе заклучокот кој веројатно е и најблиску до вистината - факултетот не е важен услов за деловниот успех, но и дека со високото образование може полесно да се реализираат соништата.