Ова е жената со најголеми раце во светот
- Детали
- четврток, 04 септември 2014
Веќе повеќе од 50 години Duangjai Samaksamam со потекло од Тајланд пати од неверојатно ретка болест заради која рацете и се трајно отечени.
Стручните лица веруваат дека 59-годишната жена пати од макродистрофија липомастоса, состојба во која масното ткиво се собира од рамениците до прстите на двете раце.
И наједноставна активност, како што е чешлањето коса за неа е голем проблем.
Заради својот изглед Duangjai се плашела дека другите деца ќе ја исмеваат, па не одела на училиште. Меѓутоа, кога наполнила 20 години била принудена да излезе надвор од својата соба и да се грижи за тогаш веќе старите родители.
Покрај тоа што до сега посетила повеќе доктори, ниту еден не успеал да и помогне.
- Еден доктор ми понуди решение да ми се отсечат рацете за да можам полесно да се движам, но не сакам да го направам тоа, раскажува жената со најголеми раце во светот.
Таа имала неколку операции до сега, но често пати состојбата само и се влошувала. Последниот пат кога била прегледана, конечно и била дадена дијагноза.
- Моја дијагноза е дека таа е единствената личност во светот која пати од макродистрофија липомастоса во волкава мерка. Причината за болеста е непознат, па затоа не можеме да и помогнеме, вели докторот.