„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме примија на Оксфорд“

Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спиела на улица, а во еден момент помислувала дури и да се самоубие. Но, животот ѝ се сменил потполно откако ја примиле на Оксфорд, еден од најпрестижните универзитети во Британија.

se-zapishav-na-oksford-otkako-na-16-godini-stanav-bezdomnik-i-spiev-na-ulica-konechno-sum-srekjna-zhivotot-mi-e-ubav-01.jpg

Клои Помфлет (20) од Велика Британија имала неубаво детство - растела со родители зависници, институциите ја дале во згрижувачко семејство, а во еден момент била и бездомник. Денес, нејзиниот живот е сосема поинаков, а таа студира на Универзитетот Оксфорд во Лондон.

Признава дека иако сакала да се самоубие додека живеела на улица, сепак решила да се фокусира на своето образование, да се обиде да го сврти животот на подобро и да си го исполни сонот – да стане учителка по биологија.

Таа не ни помислувала да аплицира на Оксфорд, додека не дознала дека постои насока за Хуманистички науки. Кога добила одговор дека е примена, вели дека во тој момент била најсреќната личност на светот.

se-zapishav-na-oksford-otkako-na-16-godini-stanav-bezdomnik-i-spiev-na-ulica-konechno-sum-srekjna-zhivotot-mi-e-ubav-02.jpg

Сега, освен што студира на престижниот универзитет, таа настојува да им помогне и на други кои се во слична ситуација како нејзината, да се изборат и да го најдат своето место под сонцето.

„Секојпат кога ќе поминам низ дворот на Оксфорд и ги гледам овие големи згради, сфаќам дека ова е сосема друг свет. Одам на формални настани каде што служат храна, чистачка доаѓа да ми ја среди собата, а јас си мислам: ‘Што се случува, можно ли е вакво нешто?’.
 
Благодарна сум дека имав поддршка да стигнам до тука. И среќна сум, бидејќи други студенти го немаат ова“, вели таа.

se-zapishav-na-oksford-otkako-na-16-godini-stanav-bezdomnik-i-spiev-na-ulica-konechno-sum-srekjna-zhivotot-mi-e-ubav-06.jpg

Клои имала само 5 години кога била одделена од своите родители и сестрите и одведена во згрижувачко семејство. Нејзините родители биле алкохоличари и земале наркотици, но за неа било траума кога ја одвоиле од семејството.

Првите три години живеела со семејство кое ја сакало, ја разгалувало и таа вели дека тоа се најубавите години од нејзиниот живот.

Но, на 8 години се вратила да живее со својот татко, но, бидејќи тој не бил добар, таа на 11 години почнала да живее кај својот дедо.

Со дедо ѝ имала одлична врска, но тој боледувал од рак, и починал во 2019-та година кога таа имала 16 години.

„Последен пат го видов во болница. Седев покрај него, поразговаравме 5 минути и си заминав. Брзо потоа добив порака дека починал“, се сеќава таа.

se-zapishav-na-oksford-otkako-na-16-godini-stanav-bezdomnik-i-spiev-na-ulica-konechno-sum-srekjna-zhivotot-mi-e-ubav-03.jpg

Бидејќи била малолетна, морала да се врати да живее кај татко ѝ, но животот со него ѝ бил неподнослив. Иако била добра ученичка, почнала да бега од училиште, не можела да се навикне на новиот живот, ни да ја преболи смртта на дедо ѝ.

Таа тврди дека кон крајот на 2020 година, татко ѝ еден ден ѝ рекол да си ги спакува торбите и да си оди.

Неколку дена преспала кај пријатели, но потоа останала на улица. Во тоа време не гледала излез и сакала дури и да се самоубие.

„Кога седев сосема сама или додека во 2 по полноќ шетав по улиците на Манчестер и плачев, добивав желба да си го одземам животот. Немав причина да живеам.

Многу ми помогнаа од училиштето. Направија сè да не изгубам година, се потрудија да ми најдат место за преспивање, а потоа ме поттикнаа и да аплицирам на Оксфорд“, раскажува таа.

se-zapishav-na-oksford-otkako-na-16-godini-stanav-bezdomnik-i-spiev-na-ulica-konechno-sum-srekjna-zhivotot-mi-e-ubav-04.jpg

Но, додека чекала одговор од Универзитетот, истекол периодот кој бил предвиден да живее на местото кое ѝ го нашле од училиштето. Па, Клои повторно завршила на улица.

Но, во тоа време добила потврда од Оксфорд дека е примена и дека ќе добие соба во колеџот.

Денес, Клои е одличен студент. Освен што е посветена на студиите, прави сè што може за да им помогне на нејзините врсници кои минуваат низ слични проблеми како нејзините.

„Кога се навраќам на работите низ коишто поминав, знам дека тоа беше ужасно искуство, но не би сменила ништо. На тој начин научив навистина многу за животот, па денес сум благодарна“, додава таа.

se-zapishav-na-oksford-otkako-na-16-godini-stanav-bezdomnik-i-spiev-na-ulica-konechno-sum-srekjna-zhivotot-mi-e-ubav-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg