Се јави добитникот на 147 мил.
- Детали
- четврток, 27 август 2009
Се појави добитникот на 147 милиони евра во играта на среќа Лото во Италија, односно го депонирал победничкиот лист во една од банките.
Организацијата на оваа игра соопштила дека ливчето кое доби 147 милиони евра е депонирано во вторникот во една банка во Милано.
Математиката би била дека за уплата од 2 евра, среќникот добил 147 милиони! Сепак, името на среќниот добитник нема да биде објавено, веројатно новиот милионер сеуште ќе се држи во тајна.
"Сега ни е полесно, бидејќи се знае дека не сме ние добитници", изјавил В.Симонет кој ја демантираше веста дека му се заканувале мафијаши, барајќи му дел од парите.
"Не постои никаква закана и нема зошто да викаме полиција", додал сопственикот на барот "Бaфи" во кој сега доаѓаат многу италијани од другите градови, само за да уплатат, па дури и туристи кои се наоѓаат на летување во околните места, очекувајќо дека можеби и тие да се усреќат.
За извлекувањето во четврток џек потот изнесува 40,5 милиони евра.