Свештеник венча коњи
- Детали
- понеделник, 10 август 2009
"А сега ве прогласувам за маж и жена", била последната реченица која ја иговорил Џереми Весткот на церемонијата која е сигурна првата венчавка во...
... Велика Британија на која се венчаа коњи.
Весткот во март оваа година почна со венчавање на животни, но признава дека ова му било омиленото венчавање досега.
Кога сопственичката на коњите Фалукланда Блоефелд, слушнала дека постои ваква церемонија, веднаш се одлучила да дојде и да ги венча своите 2 коњи - Зипи и Меџик. Зипи го добила неодамна, и кога го спарила со Меџик, се појавила моментална привлчност, вели соптвеничката.
"Парот е неодвојлив. Ако едниот од нив е во шталата, другиот го повикува од полињата - тоа дефинитивно е љубов", вели таа.
Среќниот пар стпливо чекал за благословот од господинот Вескот. По церемонијата, парот се бакнал, а гостите аплаудирале за да ја прослават нивната свадба. Бил припремен убав доручек од морков и јаболка, а потоа можеле да уживаат по полињата до крајот на денот.