Денес е Светскиот ден на бездомните животни - Денес вдомете го вашиот нов пријател

Денес, 4 април, е светски ден на бездомните животни. Ден кога ширум целиот свет се одржуваат акции за вдомување на бездомни животни и настани за подигнување на свеста кај јавноста во однос на стерилизација / кастрација на милениците како хуман начин за намалување (па и целосно елиминирање) на категоријата бездомни животни.

denes-e-svetskiot-den-na-bezdomnite-zivotni-denes-vdomete-go-vasiot-nov-prijatel-01

Во светот се проценува дека има приближно 600.000.000 (шестотини милиони) бездомни животни, а само на територијата на Р. Македонија има околу стотина илјади бездомни животни кои како и останатите од светот се осудени да „живеат“ со најразлични болести, изложени на екстремни временски услови, гневот и бесот на психички растроени поединци, „хуманите“ практики за решавање на проблемот на властите итн. Бездомните животни водат мизерен живот на улиците, очајнички борејќи се и за најмалата корка леб што ќе им се фрли и постојано се жртви на несовесни возачи.

Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ ги повикува граѓаните да го одбележат денешниот ден така што ќе го кастрираат / стерилизираат сопствениот миленик, сеедно дали домашен или уличен, и ќе ги поттикнуваат и своите познаници и пријатели да го сторат истото.

Не е „изигрување Господ“ да се спречи репродукција кај суштество кое се размножува неконтролирано.„Изигрување Господ“ е потомството од тие животни да се собере во кеса или во картонска кутија, како што најчесто се случува, и да се остави покрај контејнер или во планина „да се снаоѓа“.

Никој не може да најде триесет добри домови за новите животни што ќе дојдат на овој свет во период од две години. Никој не може да гарантира дека домот што ќе се најде за животното ќе биде сигурен и безбеден и дека тоа нема да биде изложено на секојдневно малтретирање, запоставувано или фрлено на улица кога повеќе нема да биде слатко и мало.

Апелираме до граѓаните во овој транзитен период додека трајно не се реши проблемот со бездомните животни, како што е случајот во западните земји, остатоците од своите дневни оброци да ги оставаат на места каде што гравитираат бездомни животни, но притоа да внимаваат местата да не бидат во близина на улица каде што животните би биле изложени на опасност од автомобилите.

Ги поттикнуваме и понатаму да го одржуваат здравјето на уличните миленици, така што ќе им обезбедуваат редовни вакцини и ветеринарни прегледи особено доколку се посомневаат во болест или какво било друго нарушување на здравствениот статус на животното. Ветеринарите во Скопје и ширум Македонија се отворени за соработка и обезбедуваат попусти за улични миленици. Им препорачуваме да вдомуваат, наместо да купуваат, бидејќи пријателството не се купува со пари.

Животите на бездомните животни, колку и да звучи неблагодарно, се во рацете на граѓаните, тие буквално зависат од нашата свест за нивната благосостојба и основните услови за живот кои им се неопходни. Затоа, ги повикуваме граѓаните на овој ден да излезат на улиците и да си подарат верен доживотен пријател – можеби тој ве чека токму зад аголот од вашата зграда или куќа.

Ова се животинчињата кои чекаат на вашата хуманост:

Повеќе информации за вдомување на животинчињата од фотографиите, можете да пронајдете ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Стотици волонтери ги чистат улиците, луѓе фрлаат кал по кралот и кралицата – Шпанија по разорните по... Стотици волонтери излегоа на улиците за да помогнат во расчистувањето на пустошо...
Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар? Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седма...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg