Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Погреб или спектакл ?

Почивалиштето на Мајкл Џексон, луксузниот сандак обложен со злато е гламурозен како и секој детал од погребувањето на познатиот пеач, пишуваат медиумите.

 

Имено, Мајкл Џексон ќе биде закопан во мртовечки сандак вреден 25.000 долари. Сандакот со име Promethean е направен од бронза и е обложен со 14-каратно злато, а внатрешноста е направена од најпрефинетото кадифе. Во истиот тип на кофчег беше закопан и легендарниот пеач Џејмс Браун во 2006тата година.

pogreb-ili-spektakl1

Судејќи по последното испраќање на Мајкл Џексон, многумина повеќе го доживуваат како некој забавен спектакл, отколку како погребување, бидејќи парадата што ќе биде одржана во чест на животот и делото на Мајкл Џексон ќе го отвори циркусот 'The Ringling Bros Barnum And Bailey' чие мото е, иронично, "најголемото шоу на светот".

Многу познати ѕвезди на овој начин ќе мораат да се опростат од Џексон, а посетителите ќе мораат да резервираат карти за овој настан, иако тие ќе бидат бесплатни.

Меморијалот ќе биде одржан во The Staples Center во Лос Анџелес, а помеѓу останатите, свое обраќање ќе имаат пеачката Дајана Рос, филмската дива Елизабет Тејлор и пеачот Пол Мекартни.

Менаџерот и пријателот на Мајкл - продуцентот Квинси Џоунс изјавил дека не сака да присуствува на погребувањето, бидејќи тоа не е она што тој сака да го види.

Би можело да ве интересира:

„На шега испратив СМС на непознат број во 1998 - девојката што ми одговори е љубовта на мојот живот“ Пред 27 години Британец испратил СМС порака на број кој сосема случајно го измис...
Жена ги покажа негативните страни на брзото слабеење со Оземпик - Испуштена кожа, испиено лице, спле... Што се случува со телото, кога наместо со вежбање и здрава исхрана ќе се обидете...
Меланија Трамп критикувана за официјалниот портрет како прва дама на САД: „Како да е направена од пл... Официјалниот портрет на Меланија Трамп како прва дама на САД доби комплименти, н...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Била пресреќна што се мажи за милионер, и по 42 години никој не знае каде е - Морничавата приказна н... По само два состаноци ја убедил да почне да живее со него. Таа го придружувала н...
Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg