Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Без раце и нозе плива и сурфа

Приказната која следи зборува за Ник Вујичич, неверојатен млад човек кој, наспроти инвалидитетот, стана пример за сите нас. Иако нема ни раце ни нозе...

... научил да игра фудбал, да плива, па дури и да сурфа, а во неговите успеси тешко дека нешто може да го сопре.

Ник кој има 26 години, a со своето мало стопало под левиот колк е делот со чија помош држи рамнотежа и шутира, пишува Telegraph.

Со тој дел од телото пишува со пенкало, куца на тастатура, па дури и подига работи. Ник тврди дека недостатоците му го направиле лесно пливањето, а малото стапало му служи како "пропелер".

Во текот на патувањето кон Хаваи 2008 година, со помош на професионалната сурферка Бетанија Хамилтон, тој научи и да сурфа. И самата Бетанија имала несрекен случај во својата 12та година, кога ајкула и ја одгризала раката. Ник се појави и на насловната на магазинот "Сурфер", а освен ова, има и бројни други хобија како што е голфот, а топката ја удира поставувајќи го стапот под брадата.

bez-race-i-noza-pliva-i-surfa1

Ник е роден без екстремитети, а за неговиот случај докторите немале никакво медицинско објаснување. Неговата состојба е реткост, а се нарекува фокомелија. Со текот на времето тој научил како да ги користи деловите од телото кои ги има, за да може да ги преживее тешкотиите кои животот ги постави пред него.

Храбриот млад човек е роден во Мелбурн, а моментално живее во Лос Анџелес. За своето едно стапало вели: "Без него би бил изгубен. Кога сум во вода јас лебдам, бидејќи 80% од моето тело го сочинува трупот."

Уште од мал родителите го научиле да биде самостоен, а татко му на негови 18 месеци го пуштил во вода како би го охрабрил за да научи да плива. На училиште сите си поигрувале со него, но тоа не го спречи да дипломира во областа на финансиско планирање и недвижности.

Патувал преку 24 земји и разговарал со преку 110.000 луѓе. Во 1990 го освоил признанието "Австралиски граѓанин на годината" и инспирирал многумина покажувајќи дека се' се може со желба и труд.

"Сам одлучив да бидам благодарен на она што го имам, а не лут на она што го немам", вели Ник.

Секоја чест момче, ти си вистинска инспирација и човек вреден за почит!

Би можело да ве интересира:

Фотографија полна со љубов - Кејт и Вилијам со нова семејна честитка за Божиќ Неколку дена пред католичкиот Божиќ, принцот и принцезата од Велс ја објавија но...
„Бев во Северна Кореја како турист – Ким Џонг Ун го гледаат како бог, не смеев сам да одам ни до тоа... Јутјубер од Англија ја посетил Северна Кореја и открива дека не смеел да зборува...
„Жена ми побара развод, зашто гатачка ја излажала дека ја изневерувам, сега бара да се смириме – Што... „Рона почна да се однесува чудно. Ме проверуваше на работа, доаѓаше кога работев...
Непријатни моменти на инаугурацијата на Трамп + најсмешните мемиња за настанот (и шеширот на Меланиј... Марк Закерберг ѕиркаше во деколтето на Лорен Санчез, а сите се убедени дека Мела...
„Маж ми личи на Новак Ѓоковиќ – дури и нашиот син мисли дека татко му игра тенис на телевизија“ „Мојот сопруг многу личи на Новак Ѓоковиќ. Луѓето постојано го застануваат на ул...
Барон Трамп се врати на факултет по инаугурацијата на татко му: „Многу е популарен кај колешките, зг... Барон Трамп продолжи со студиите на New York university, а на кампусот пристигна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg