Кинезите го укинаа Гугл
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2009
Кина во четвртокот ја обвини мрежата за пребарување Гугл за ширење порнографија, поради што на кинезите им бил оневозможен пристап на најголемиот...
... пребарувач во светот.
Кинезите изјавиле дека откриле дека англиската верзија на пребарувачот во голема мера ја шири порнографијата како и вулгарните содржини, кои сериозно ги нарушуваат кинеските закони и правила, рекол министерот за внатрешни работи на Кина Кин Ганг.
Тој исто така ги повикал некои од одговорните во Гугл да ги отстранат тие содржини.
На жителите на Кина од средата вечер им е оневозможен пристап на Гугл и неговите сервиси во Кина.
Кина инаку го охрабрува користењето на интернетот во корисни и деловни цели, бројот на корисници на интернет што го има Кина изнесува 298 милиони жители.
Меѓутоа, комунистичката влада се обидува да ги блокира и субверзивните содржини и воедно го има најголемиот систем за надгледување и цензура во светот.