Љупка Митрова по боди-корсет, Алмедина како холивудска дива: Модата на „Influencer Awards 2024“
- Детали
- среда, 04 декември 2024
Нина Ред во холивудско издание со гол стомак, Викторија Лоба елегантна во златно, Христина Пан го покажа трудничкото стомаче во кус светкав црн фустан, Горан Митров беше поим за елеганција, а Дона (Donna October) повторно блесна со својата неверојатна убавина.
Вчеравечер (03.12) во скопскиот ресторан Рагуза се одржа доделувањето на наградите на „Influencer Awards 2024“, а на едно место се собраа голем дел од нашите инфлуенсери.
Од лајфстајл инфлуенсер до патувачки инфлуенсер, награди имаше во повеќе категории.
На настанот се појави и Викторија Лоба, која промовираше и своја нова песна.
Со гламур, внимателно избрани стајлинзи и многу насмевки, нашите инфлуенсери ја славеа својата посебна ноќ, каде добија признанија за вложениот труд од изминатата година.