Што ќе се случува по смртта на кралот Чарлс – Сите детали за операцијата „Menai Bridge“
- Детали
- понеделник, 01 април 2024
„Здравјето на кралот Чарлс е во многу полоша состојба, отколку што се соопштува. Ракот го јаде жив“ – извори блиски до кралското семејство тврдат дека ситуацијата е очајна, а со оглед на тоа што му се предвидува уште 2 години живот, наводно се работи напорно на планот за тоа што ќе се случува по неговата смрт. Што е познато?
Кралот Чарлс Трети е само 18 месеци на тронот, но веќе се направени планови за неговиот погреб.
Операцијата ќе се нарекува „Menai Bridge“ и церемонијата нема многу да се разликува од онаа на кралицата Елизабета Втора, која се водеше под името „London Bridge“.
Дел од странските медиуми пишуваат дека по дијагнозата на рак, главен приоритет во моментов се плановите за неговиот погреб.
„Ова е мошне честа практика кај британското кралско семејство, но во случајот на Чарлс нема да имаат премногу време.
Некои присутни во дворот веруваат дека состојбата на Чарлс е многу полоша од она што се прикажува во јавност“ – велат извори од Бакингемската палата, за странските медиуми.
Операцијата за погребот на Чарлс го вклучува веќе познатиот протокол.
Кога кралот ќе почине, неговото тело ќе биде пренесено во Вестминстер, а официјалниот погреб ќе се одржи девет дена подоцна.
Се верува дека ќе биде закопан во Замокот Виндзор.
Оваа информација е топ тема, откако претходно In Touch, повикувајќи се на изјава на неименуван претставник од кралското семејство, објави дека Чарлс се бори со рак на панкреасот и дека лекарите му прогнозирале само две години живот.
„Здравјето на кралот Чарлс е во многу полоша состојба, отколку што се соопштува и тој во моментов не е во состојба да го предводи разореното семејство, да води сметка за бизнис интересите на кралската круна и да ги исполнува секојдневните обврски. Ракот го јаде жив. Ситуацијата е очајна“ - вели добро упатениот извор.
Додека Чарлс не е во можност да ги извршува должностите заради болеста, а Вилијам е преокупиран со здравствената состојба на неговата сопруга Кејт Мидлтон, која исто така се бори со рак, сите обврски ги презема сестрата на кралот, принцезата Ана.
Други пак, коментираат дека Чарлс не му дозволува на Вилијам да преземе поголем дел од обврските затоа што смета дека неговиот син не е подготвен за обврските што ги носи круната.
Инаку кога станува збор за рак на панкреас, се знае дека оваа болест може да се излекува доколку биде дијагностицирана во рана фаза. Доколку болеста се прошири, се претпоставува дека пациентот има околу 3 до 3,5 години живот.
Б. С. Б. | Црнобело