Освојте дел од месечината!
- Детали
- четврток, 18 јуни 2009
Сега имате несекојдневна шанса да станете сопственик на камен вреден околу 1000 долари. Се што треба да направите е да размислите малку со вашата...
... глава и да напишете една реченица.
Овој необичен поклон ви го дава угледниот магазин New Scientist по повод 40 години од првото слетување на земјиниот приорден сателит, а од вас се бара само да смислите реченица која би ја кажале кога би биле на местото на Нил Армстронг.
Да се потсетиме, Армстронг при првото излегување и стапнување на површината на месечината изговори: "Ова е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото", а вие пробајте да создадете нешто што би било уште по креативно и лесно за паметење.
Не значи дека мора да бидете премногу сериозни ако вам повеќе ви лежи хуморот, а својата задача која треба да е на англиски јазик (со највеќе 75 знакови), испратете ја овде, најдоцна до 28 јуни.
Победникот ќе биде прогласен ден подоцна.