Обама дели бакнежи на самитот

obama-deli-baknezi-na-samitot-povekjeАмериканскиот претседател Обама се согласил да бакне една обожавателка, но дури по интервенцијата на францускиот претседател Саркози. Ова се...

 

obama-deli-baknezi-na-samitot

...случило на самитот на НАТО во Стразбур, кога тој се поздравувал со група на обожаватели кои му посакувале добредојде.
Кога Обама и неговата сопруга Мишел ѝ пришле на толпата луѓе за да се поздрават со нив, една студентка го запрашала Обама дали може да добие бакнеж.

На тоа Обама покажал кон обезбедувањето кое будно ја надгледувало целата ситуација, укажувајќи дека мора да се запазат безбедносните процедури.

Тогаш, во целата приказна се вклучил и францускиот претседател Саркози кој му довикнал: “Што, зарем нема да ја бакнеш?

На тоа, немајќи друга опција, Обама срамежливо ја бакнал младата студентка во образот.

Очигледно дека американскиот претседател се осетил непријатно кога станува збор за овој општ обичај во земјите на западна Европа, луѓето кои дури не се познаваат да се бакнат во образ кога ќе се сретнат.

Најверојатно поради тоа, на средбата со сопругата на Саркози, Карла Бруни, тој избегнал било какви бакнежи туку едноставно се ракувал со нејзе.
Но, тоа не го спречило Саркози топло да ја пречека Мишел Обама со 2 сочни бакнежи на секој образ.

Интересно е да се биде на самит на НАТО, изгледа дека не е сè политика.

Би можело да ве интересира:

Учителка ги вежба дечињата во градинка во Кина како да избегаат при пожар (видео) Со импровизација на пожар со чад и сирена, учителка во Кина обучува деца во град...
„Имав биткоини кои денес вредат над 500 милиони долари – бившата ми го фрли хард дискот со лозинката... 39-годишен маж од Велс вели дека во 2009-та ископал 8.000 биткоини кои тогаш не ...
„Јас сум полничка девојка и мојот згоден дечко не е со мене поради фетиш, туку поради мојот карактер... „И полничките девојки заслужуваат љубов, исто како и сите други. Мене ме привлек...
Беше најубавото бебе модел во светот, ја викаа мини Барби  – Како изгледа денес Ера Мери Браун? Својата прва реклама ја сними само како 6-месечно бебе, а веќе на 2 години важеш...
„Татко ми ме малтретираше, морав да вежбам по 12 часа дневно“: Каде е денес „најсилното дете во свет... Ричард Сандрак стана светска сензација бидејќи уште пред десетиот роденден, одеш...
Кит „проголта“ кајакар, па го исплука: „Мислев дека сум мртов“ (видео) „Почувствував на лицето нешто лигаво и потонав. Во тој миг мислев дека ќе умрам“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg