Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што ќе ви ја уништи кариерата?

sto-ke-vi-ja-unisti-karierata-povekjeЧесто во весниците читаме за бизнисмени и луѓе од шоу бизнисот, нивното однесување, успеси и неуспеси. Во медиумите се зборува како тоа влијае...

 

...на нивната кариера, меѓутоа после некое време гледаме како тие стануваат уште попопуларни и влијателни. За да го зачувате сопствениот професионален углед избегнувајте:

sto-ke-vi-ja-unisti-karierata

1. Можеби мислите дека сликата од вас мртви пијани, ставена на Фејсбук или на вашиот блог изгледа интересно, но можеби вашиот шеф не го дели мислењето. Размислете каков имиџ сакате да остварите на работа. Таква слика сигурно не се вклопува во замислата.

2. Откривање доверливи информации за фирмата е чин со кој ќе си наштетите себеси повеќе отколку на фирмата. Ни конкурентската компанија која имала корист од вашите информации никогаш не би ве вработила.

3. Немојте да ги оговарате ни пред пријателите, својот шеф и колегите од канцеларија. Никој не сака да се зборува за него лошо. Шефот може да ве отпушти, а колегите да ви го загорчат животот во канцеларија. Работата и трачевите оставете ги во канцеларијата.

4. Ако во слободно време работите за конкуренцијата, убаво и детално прочитајте го договорот. Некогаш компаниите имаат многу стриктни договори кога е во прашање конкуренцијата, па може ќе треба својата грешка да ја отплаќате неколку години.

5. Без разлика дали се работи за приватна журка или канцелариска забавам никогаш немојте да се опиете пред шефот.

6. Слободата на говорот ви дозволува да кажете сè што сакате, но прашање е зoшто би го кажале тоа? Расистички, сексистички и други слични изјави оставете ги за себе.

7. Можеби не ви се надредени, но ако ги прогонувате или злоставувате на било кој начин колегата или колешката, шефот секогаш ќе биде на страна на жртвата. Ако ништо друго поради стравот од тужба.

8. Сакате да го поминете денот во шопинг. Наједноставно е да одглумите болест. Можеби е попаметно да побарате слободен ден за да не се справувате со потешки последици.

9. Не шверцувајте пријатели на службени патувања. Побарајте дозвола од шефот.

 

Би можело да ве интересира:

Најжешките места на Земјата - температурата достигнала и над 50 степени Целзиусови Северен Судан е типично топол и сув, со слаби врнежи од дожд, а јуни е најжешкио...
„Јас сум полничка девојка и мојот згоден дечко не е со мене поради фетиш, туку поради мојот карактер... „И полничките девојки заслужуваат љубов, исто како и сите други. Мене ме привлек...
Трансродовата ќерка на Илон Маск го нападна татко ѝ: „Плати цело богатство за да се родам како машко... Трансродовата ќерка на Илон Маск тврди дека милијардерот платил за контроверзна ...
„Ми го допираше половиот орган“ – Сопругот на норвешката принцеза Марта Луиз обвинет за злоставување... „Почна да ме допира за половиот орган. Јас почнав да го туркам, а тој се обидува...
Љубовта „цвета“ во семејството Барет - Американец има 5 сопруги и 10 деца Жените (наводно) не се љубоморни една на друга - како изгледа животот на семејст...
Блесна елката во центарот Рокфелер во Њујорк, украсена со 3 милиони кристали и Swarovski ѕвезда тешк... И годинава во срцето на Њујорк блесна огромната елка пред Рокфелер центарот – тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg