„Усните ми отекоа по процедура за вадење на филери - ме споредуваа со најгрдата риба на светот“
- Детали
- четврток, 17 април 2025
Инфлуенсерка од Шпанија одлучила да отиде на процедура за вадење на филери и поради алергиска реакција завршила со екстремно отечени усни.
Сара Хурадо Гарсија, инфлуенсерка од Шпанија, доживеала незгода при процедурата за отстранување на филери, поради алергиска реакција.
Таа завршила со екстремно отечени усни по процедуратa за „растворање“, односно вадење, на филери.
Сара завршила во болница, а целата ситуација ја документирала со фотографии, кои се објавени во магазинот „TheSun“.
Таа и самата се шегува дека изгледала како Blobfish, вид на риба која често се нарекува „најгрда риба во светот“ и честопати е вирален хит на интернет поради нејзиниот невообичаен изглед.
Сара прикажува фотографии од неа по процедурата.
Но, за среќа вели: „Сè уште се смеам, но сè е во ред“.
На неа прво ѝ била нанесена крема за анестезија на усните, а потоа следувала процедурата, па усните ѝ станале целосно отечени.
На фотографиите потоа плаче и ѝ тече плунка по маицата.
Сара одлучила да оди во болница, каде што била третирана и, за среќа, ѝ се вратиле усните во нормала.
Филерите Сара ги ставила пред една година.
Причината за отокот била алергија на хијалуронидаза.
Алергијата на хијалуронидаза е ретка, но можно е сериозно несакано дејство што може да се појави кај некои луѓе кои примаат третман со овој ензим.
Што е хијалуронидаза?
Хијалуронидазата е ензим кој се користи во козметички и медицински процедури за:
- растворање на хијалуронски филери (како оние што се користат за зголемување на усни или контури на лице),
- подобрување на апсорпција на лекови или течности во телото.
Што значи да си алергичен на хијалуронидаза?
Кога некој е алергичен на овој ензим, неговиот имунолошки систем погрешно ја препознава хијалуронидазата како закана и реагира со алергиска реакција.
Симптоми на алергија:
Може да се појават веднаш или неколку часа по инјекцијата:
- Интензивно отекување на лицето или усните
- Црвенило и чешање
- Пецкање, печење или болка на местото на инјекцијата
- Проблеми со дишење (во потешки случаи)
- Гадење или вртоглавица
- Во многу ретки случаи може да дојде до анафилактички шок, што е животозагрозувачка состојба и бара итна медицинска помош.
Како се дијагностицира?
Се прави алергиски тест (т.н. „patch test“ или интрадермален тест) пред да се примени хијалуронидаза, особено ако некој претходно имал алергиски реакции.
Инаку, овој ензим природно се создава во телото и го разградува филерот со тек на време, но со инјектирање на раствор со овој ензим процедурата се забрзува и усните обично се враќаат во својата природна форма за неколку дена.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





