Индиец со „синдром на врколак“ е највлакнестата личност во светот: „Ми велат да се избричам, но не сакам да се менувам“
- Детали
- вторник, 11 март 2025
18-годишен Индиец е прогласен за личност со највлакнесто лице според Гинис, а вели дека и покрај лошите коментари и „советите“ да ги отстрани влакната, тој го сака својот уникатен изглед.
Индиецот Лалит Патидар е роден со таканаречениот синдром на врколак – многу ретко нарушување кое предизвикува раст на густи влакна по телото, особено лицето.
Низ годините, Лалит се соочувал со исмејување и малтретирање, но наместо да се самосожалува, решил да ја искористи својата уникатност.
Па, денес е Инстаграм инфлуенсер со 266.000 следбеници, а неодамна се најде и во Гинисовата книга на рекорди како маж со највлакнесто лице.
Според Гинис, Лалит имал 201 влакно на сантиметар квадратен, односно над 95% од неговото лице е покриено со влакна.
Од Средниот век до денес, документирани се само 50 случаи на овој синдром, што значи можноста да се роди дете како Лалит е еден во милијарда.
Прочитајте и: Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инспирација за „Убавицата и ѕверот“
За Гинис, Лалит открива дека училишните денови му биле далеку од лесни и дека на почетокот соучениците се плашеле од него.
„Им беше страв, но кога почнаа да ме запознаваат, да разговараат со мене, сфатија дека не сум многу поразличен од нив. Дека сум различен само однадвор“.
18-годишниот Индиец вели дека некои го прашувале и зошто не ги отстрани влакната.
„Нема што да одговорам на тоа прашање.
Кога ќе ми го постават, само кажувам дека се сакам таков каков што сум и не сакам да си го менувам изгледот“.
За рекордот, пак, додава дека е пресреќен.
„Останав без зборови. Не знам што да кажам бидејќи сум среќен за признанието.
Денес е реткост некој да ме третира лошо. Повеќето луѓе се добри со мене“.
Лалит е активен на Инстаграм и сака да продолжи со работата како инфлуенсер, а се надева и дека ќе има можност да го пропатува светот.
Повеќе фотки од Лалит на следната страница...
Би можело да ве интересира:





