„Пред 10 години се разведов и останав со 3 мали деца, без работа - Како ја пронајдов среќата?“

„Пред 10 години го допрев дното. Бев сама со 3 деца, без работа, без правец и со срце разбиено на милион парчиња. Разводот не стави крај само на мојот брак, туку како да стави крај на мене“, ја започнува својата исповед Су Гирс (55).

pred-10-godini-po-razvodot-ostanav-so-3-mali-deca-i-bez-rabota-sega-na-55-sum-posamouverena-od-koga-bilo-01.jpg

Су Гирс (55) од Германија е мајка на 3 деца, која на Инстаграм има повеќе од 211.000 следбеници.

Таа откри дека се развела пред 10 години, тоа ѝ бил најтежок период во животот, останала со 3 мали деца, без работа, но потоа одлучила да блеска.

pred-10-godini-po-razvodot-ostanav-so-3-mali-deca-i-bez-rabota-sega-na-55-sum-posamouverena-od-koga-bilo-09.jpg

pred-10-godini-po-razvodot-ostanav-so-3-mali-deca-i-bez-rabota-sega-na-55-sum-posamouverena-od-koga-bilo-05.jpg

Во искрена исповед за својот развод, таа откри:

„Пред 10 години го допрев дното. Бев сама со 3 деца, без работа, без правец и со срце разбиено на милион парчиња.

Разводот не стави крај само на мојот брак, туку како да стави крај на мене.

Но, тоа што го допрев дното, ми стана основа за да се изградам одново.

Не беше лесно. Имав многу непроспиени ноќи, мислев дека солзите нема да сопрат и имаше моменти кога се колебав дали можам да продолжам.

Денес, сум жена која е исполнета, среќна и слободна. Изградив живот на кој сум горда.

Јас и моите деца зајакнавме заедно и научив да се сакам да начин на кој не мислев дека е возможно.

За секој кој се чувствува изгубен и скршен во моментов порачувам: ‘Oва не е твојот крај, ова е твојот почеток. Верувај дека си способен за повеќе работи од што мислиш, дури и кога ти изгледа невозможно. Го можеш ова. И еден ден кога ќе погледнеш назад ќе сфатиш колку далеку си стигнал“.

Кликнете на видеата:

Сега, Су постојано сака да покажува колку фит изгледа, но на нејзините видеа, особено оние во бикини, дел од следбениците коментираат дека е „засрамувачки“ тоа што го покажува своето тело.

На едно од видеата Су пишува: „Ќе погодевте ли дека имам 55 години и сум мајка на 3 деца?“

pred-10-godini-po-razvodot-ostanav-so-3-mali-deca-i-bez-rabota-sega-na-55-sum-posamouverena-od-koga-bilo-11.jpg

Таа е заговорник дека жените треба да се грижат за себе, односно да бидат себични за своето време, да спијат доволно и да бидат мотивирани да одржуваат дисциплина околу негата за себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg