„Да им се одземе лиценцата на докторите“ – Украинката со најголеми образи изгледа застрашувачки
- Детали
- недела, 22 декември 2024
„Дали е ова нормално? Ова го гледаат млади девојки, изгледа толку нездраво“, „Треба да се советуваш со психијатар“ – се дел од коментарите за Украинката која одамна ја носи титулата „девојка со најголеми образи“, а веќе изгледа по малку застрашувачки.
Некогаш била природна и сосема нормална девојка, која била вљубеничка во вежбањето, а денес наликува на преслаба вештачка кукла, на чие тело се истакнати само големите гради, задник и образи.
Низ годините сме биле сведоци на голем број трансформации, помогнати со пластични операции и естетски зафати, но веројатно ова е најбизарниот.
Сите се согласни дека секој може да прави што сака со своето тело, но многумина се согласни дека треба да постојат граници.
Анастасија Покрешчук веќе подолг период е зависничка од филери и е позната по нејзиниот лик со преистакнати јаболчници и розова коса, а ја носи титулата „жена со најголемите образи“.
Пред неколку години таа најави дека планира комплетно да го трансформира телото со поголеми гради, задник и потенок струк, а иако е свесна за опасните интервенции, очигледно успеала во тоа.
Коментарите на нејзините Инстаграм објави се во насока дека очигледно ѝ е потребна стручна помош бидејќи никој нормален не би го посакал ова, но и дека треба да се преиспитаат докторите кој ѝ го направиле ова изобличување.
Неодамна таа објави видео составено од повеќе фотки на кои е прикажана еволуцијата на нејзиниот изглед и бизарната трансформација.
Како изгледа денес - со променет имиџ:
M. M. | Црнобело