Застрашувачки видеа од земјотресот во Мјанмар од 7,7 степени – бил почувствуван и во Тајланд и Кина
- Детали
- петок, 28 март 2025
Земјотресот што денес (28.03) го погоди Мјанмар бил почувствуван и во Тајланд и Кина. Засега нема информации за жртви, но социјалните мрежи се преплавени од морничави видеа од нишање згради и срушени градби.
Земјотрес со јачина од 7,7 според Рихтер го погоди Мјанмар, а потресот бил почувствуван скоро 1.000 километри подалеку, односно во главниот град на Тајланд – Бангкок.
На социјалните мрежи, и луѓе од Кина велат дека го почувствувале земјотресот во близина на границата со Мјанмар.
Не е познато колкава штета е направена, но вo Мјанмар се срушени градби, додека во Тајланд главно се срушиле згради кои биле во изградба.
Засега нема информации за жртви, но CNN сподели дека под срушена зграда во Бангкок се заробени 43 луѓе.
Надлежните стравувале дека повеќето се мртви.
Околу 12 минути по земјотресот, во Мјанмар бил почувствуван и афтершок со јачина од 6,4 степени по Рихтер.
Социјалните мрежи веќе се преплавени со видеа и фотографии од земјотресот.
На дел се гледаат срушени градби, главно во Мјанмар, а на некои се гледа нишањето на облакодерите во Тајланд.
Дел од објавите во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





