По видеата на кои се прејадува и плаче, во тајност ослабел 100kg – Трансформацијата на јутјуберот Никокадо Авокадо
- Детали
- среда, 11 септември 2024
Јутјуберот кој се прослави со видеата на кои јаде огромна количина храна, но и плаче и се расправа со партнерот, откри дека во тајност ослабел над 100kg. А, бизарните видеа биле „социјален експеримент“ со кој си ја зголемувал гледаноста.
Николас Пери, попознат како Никокадо Авокадо, се прослави со видеата на Јутјуб на кои јаде огромни количини храна.
На почетокот од онлајн кариерата, Никокадо беше веган и неговите видеа се фокусираа на здрава и веганска исхрана.
Никокадо пред неколку години
Но, откако сфати дека има многу поголема гледаност со видеа на кои јаде огромна количина храна, го промени фокусот.
А, поради овие видеа, тој се здебели и стана непрепознатлив.
Изминативе неколку години, се влошуваше и неговото ментално здравје, а секое видео со јадење вклучуваше и драма, како плачење и жестока караница со неговиот партнер со кого постојано раскинуваше и се смируваше.
И, додека јавноста стануваше сè позагрижена за физичкото и менталното здравје на Никокадо, тој сподели видео во кое откри дека ги симнал килограмите, а на Јутјуб објавувал стари видеа.
32-годишниот јутјубер тежеше скоро 190 килограми, но пред две години решил дека конечно е време да направи промена.
Пред да почне со строга диета, снимил доволно видеа за да има материјал за објавување во наредните година-две.
Додека го одржувал каналот со тие видеа, јутјуберот во тајност ослабел скоро 100 килограми.
Во најновото видео, тој изгледа многу поздраво, па дури и помладо.
„Денес се разбудив од многу долг сон, а исто така се разбудив 100 килограми послаб. Вчера, луѓето ме нарекуваа дебел и болен и здодевен и нерелевантен.
Луѓето се најодвратните суштества на планетата, но јас сепак сум два чекора пред сите“, вели тој во видеото.