Една навика со која коосновачот на Нетфликс ја велича сопругата – повеќе се гордее што ја има неа отколку милионите
- Детали
- петок, 06 септември 2024
„Повеќе од 30 години, секој вторник, независно од околностите, од работа си заминував точно во 17 часот и го поминував попладнето со сопругата. Не сум најгорд на сите компании што ги почнав, туку што сум со истата жена за цело тоа време за разлика од некои претприемачи“ - коосновачот на Нетфликс ја откри дефиницијата за својот успех.
Според коосновачот на Нетфликс, Марк Рандолф, за успехот не се меродавни бројот на нули на банкарската сметка, туку смета дека животниот баланс игра огромна улога во неговиот успех.
Освен во Нетфликс, тој има сопствеништво во уште 6 други компании, има богатство од околу 150 милиони долари, но според неговата дефиниција за успех, силниот брак е многу клучна точка.
Една од работите во животот на која е најгорд е неговата сопруга, а неодамна откри навика која ја практикува повеќе од 30 години, со која ја велича љубовта кон сопругата.
Во едно писмо кое поодамна го објави на социјалните мрежи, тој објаснува дека секој вторник, вечерите се резервирани за неговата сопруга.
Марк е во брак со Лорејн Киернан Рандолф од 1987 година и имаат три деца.
Прочитајте го во продолжение неговото писмо, кое го нарекува дефиниција за својот успех:
„Работев напорно, цела кариера, за да успеам да го одржам балансот помеѓу мојот живот и работата. Во мојата книга, пишувам за љубовните состаноци во вторник навечер со мојата сопруга.
Повеќе од 30 години, правам големи исклучоци во вторниците. Независно од околностите, од работа си заминував точно во 17 часот и го поминував попладнето со мојот најдобар пријател.
Ќе одевме во кино, на вечера, или едноставно шетавме по продавници низ центарот на градот заедно.
Ништо не можеше да ми ги смени плановите. Ниту состаноците, ниту конференциски повик, ниту прашање или барање во последна минута.
Ако имаш нешто да ми кажеш во вторник попладне во 16.55 часот, подобро направи го тоа на патот до паркинг местото. Ако има криза, ќе ја решиме до 17 часот.
Тие вторнички вечери ме одржуваа нормален. Уште од многу одамна решив дека нема да бидам од оние претприемачи кои веќе почнале 7-ми стартап и имаат 7-ма жена.
Всушност, она на што сум најгорд во животот не се компаниите кои ги започнав, туку фактот дека бев во можност да ги започнам, додека сум во брак со истата жена, имам деца кои ме познаваат и ме сакаат и што можам да поминувам време остварувајќи си ги и другите пасии во животот.
Ова е мојата дефиниција за успех“.
М. М. | Црнобело