Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама, кој се претворил во пекол
Од телевизија дознала дека шеикот се жени со друга
Нивин продолжила да живее во Лондон и добивала 15.000 фунти месечно од својот сопруг, но го гледала на секои два месеци.
За неа тоа било најсреќен период во животот. Неколку месеци подоцна забременила.
Таа му ја кажала радосната вест, инсистирајќи на голема свадбена веселба, на што тој се согласил - барем во четири ѕида.
Нивин отишла во Дубаи за да ги договори деталите за свадбата и токму таму, од неговите роднини дознала за останатите љубовни врски на шеикот, кои ги водел паралелно со нивната.
Тоа било последен пат да се види со Ахмед.
Подоцна му соопштила дека се породила и дека на синот му го дала името Саид, по неговиот татко, но тој не ѝ вратил на пораката.
По извесно време доживеала огромен шок кога од телевизија дознала дека Ал Мактум се жени со својата роднина.
После целиот стрес доживеала нервен слом
Еден месец подоцна, откако без престан му се јавувала на шеикот, конечно добила одговор.
„Ми се јави на 14 јули и ми рече: „Што сакаш? Сега знаеш дека сум оженет. Јас не те сакам и не го сакам ова бебе“.
По тој разговор Нивин доживеала нервен слом.
Го исклучила телефонот и се заклучила во станот. Полицијата ја затекнала како седи на креветот и плаче, а пријателите стравувале дека се самоубила.
Извесен период била во Дубаи, каде се обидувала да стапи во контакт со Ал Мактум, но набрзо се вратила во Лондон.
Успеала и ја добила битката на суд
Откако се вратила во Лондон одлучила да поднесе тужба до судот за шеикот да го признае нивниот брак и да плаќа алиментација.
Судот прифатил дека се случила исламска венчавка, но ја негирал легитимноста на бракот според англискиот закон.
Судскиот спор траел со години ѝ по многубројните рочишта и тестот за татковство, Ахмед морал да го признае својот син, да му даде презиме и да почне да плаќа алиментација.
Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение:
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм