Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама, кој се претворил во пекол
- Детали
- недела, 18 август 2024
По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија дознала дека се жени со друга, додека таа била сама со бебето кое го родила, а тој не го признавал. Животната приказна на девојката која случајно се вљубила во шеик од Дубаи.
Животната приказна на Нивин Ел Гамал од Египет, е како шпанска сапуница.
Родена е во октомври, 1976 година во едно од најбогатите египетски семејства.
Пораснала во палата во Мансура, антички град на околу 120 километри од Каиро.
Нејзините биле богати, но и конзервативни. Не ја пуштале да оди ниту до продавница.
Кога имала 24 години заминала на студии за внатрешен дизајн во Англија.
Во Дубаи отишла на консултации за градежен проект и тогаш го запознала човекот кој целосно ѝ го сменил животот.
Својата приказна одлучила да ја раскаже во медиумите.
Во Дубаи го запознала шеикот
Во 2003 година додека седела во јапонски ресторан во Дубаи заедно со својата пријателка, ѝ пришол еден од најбогатите луѓе во светот - шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум.
Тој и неговиот пријател седнале на нивната маса, но не се претставиле.
По краток рaзговор, си размениле телефонски броеви и следниот ден излегле на вечера.
Слепо била вљубена, па дури и изгубила невиност со шеикот
Бурната романса меѓу Нивин и шеикот започнала неколку недели по средбата во Дубаи, кога Ахмед дошол во Лондон за да ја види неа.
Во тој период Ахмед работел како претседател на авиокомпанијата „Емирати“.
Неговиот татко, брат и внук владееле со Дубаи како емири, а за тоа време тој имал неверојатно богатство, проценето на повеќе од 20 милијарди фунти.
Толку била вљубена во него, што и да побарал од неа да се фрли во река, таа тоа ќе го направела.
Тој ѝ бил и првиот сексуален партнер, бидејќи била воспитувана во исламски дух.
Знаела дека ќе се омажи за него, па дури и купила венчаница.
Од роднини на шеикот, Нивин дознала дека тој ја иневерува
По само две години од нивната врска, сѐ тргнало наопаку.
Кон крајот на 2004 година вечерала со негова родинина, а таа ѝ открила дека шеикот има жена од Либан и дека има ќерка со неа.
Ахмед тоа го негирал. Следната година нашла докази дека ја изневерува.
Кога се вратила од работа, на перницата имало траги од розов кармин.
Одлучила да го напушти, но во 2006 година повторно се смириле и одлучиле тајно да се венчаат, пред двајца сведоци, Тарек и Хаким, работници на шеикот.