Ѝ раскинал преку телефон, 8 години не сакал да ја запроси – Помалку познати детали за врската на Кејт и Вилијам
По дипломирањето во 2005 година, почнаа да се јавуваат гласини дека Кејт е избраничката на Вилијам и дека наскоро може да се очекува кралска свршувачка.
Но, набрзо потоа Вилијам отиде да служи воен рок и тоа му беше главна окупација до крајот на 2006-та.
Откако стана јасно дека Вилијам веројатно нема да ја побара за жена, британските медиуми почнаа да ја нарекуваат Кејт „девојката која никогаш нема да стане кралица“.
Имено, Кејт знаела дека на Вилијам не му се брза за свршувачка, ама била сигурна дека се вљубени и дека еден ден ќе се случи тоа.
Но, во јануари 2007-ма, Вилијам одбил да присуствува на празнична прослава организирана од семејството на Кејт.
Набрзо потоа, ѝ се јавил и ѝ раскинал.
Телефонскиот разговор траел 30-тина минути, а Вилијам ѝ рекол дека му треба простор и сакал да се пронајде себеси пред да се венча.
Тогаш Вилијам бил најпосакуваниот ерген. А, верувал дека е премногу рано да почне сериозна врска и да размислува за брак.
Па, ѝ раскинал на Кејт, а наводно потоа отишол да слави.
Според извори блиски до принцот, тој ги изнел пријателите на пијачка и им рекол дека треба да испијат сè што има на менито за да прослават за неговата слобода.
Тогаш Кејт одлучила дека нема да си дозволи да тагува за раскинувањето, па најпрво отишла на одмор на Ибица со другарките, а кога се вратила во Лондон, постојано излегувала.
Се јавија и гласини дека почнала да се гледа со богаташ од Англија.
Британските медиуми постојано известуваа за животот на Кејт по раскинувањето, а на скоро сите фотки таа изгледа среќно.
И, тогаш Вилијам сфатил дека Кејт му недостасува, но му било јасно дека нема да ја освои така лесно.
Сепак, имал среќа бидејќи и Кејт сакала да ѝ дадат шанса на врската.
Вилијам и Кејт присуствувале на маскенбал кај нивен заеднички пријател.
Кејт била облечена како медицинска сестра и според некои извори, токму костимот го охрабрил Вилијам да ѝ пријде.
Тие танцувале цела вечер, а пред да си заминат, и се бакнале.
На почетокот тие криеја дека повторно се пар, но набрзо потоа беа забележани на одмор на Сејшели. Наводно, овде си дале заклетва дека во иднина ќе се венчаат.
Конечно, Вилијам ја запроси Кејт во 2010 година.
На прашањето зошто чекал толку долго, Вилијам има изјавено:
„Пробувам да учам од минатото. Сакав да ѝ дадам шанса да види каков сум, да ѝ дадам можност да си замине ако мисли дека нема да биде среќна со мене, пред врската да стане премногу сериозна“.
Вилијам и Кејт се венчаа следната година, во 2011-та.
Спирова С. | Црнобело