Аеродромите, банките, железничките во застој – Што се случува со компјутерите во светот?

Наместо да се надгради, антивирусниот систем ги уништува оперативните системи на компјутерите. Што знаеме за глобалниот технички проблем со компјутерите заради кој цел свет е во застој?

aerodromite-bankite-zheleznichkite-vo-zastoj-shto-se-sluchuva-so-kompjuterite-vo-svetot-01_copy.jpg

Авионските компании, аеродромите, медиумските компании, банките и голем број други бизниси пријавуваат тешкотии во работењето заради глобален проблем сo Windows.

Како што пишуваат голем број од светските медиуми, во моментов светот е парализиран заради глобалниот технички проблем.

Во моментов, во голем број аеродроми во светот сообраќајот е во застој, а компаниите кои имаат проблеми во комуникацијата, наредиле итно приземјување на сите авиони што се во воздух. Оние пак, што немаат проблем во комуникацијата велат дека сите летала безбедно продолжиле кон својата дестинација.

Железничките компании во Велика Британија пријавија големи технички проблеми, а извршниот директор на Sky News соопшти дека телевизијата не е во можност да емитува програма во живо.

Забележени се проблеми на лондонската берза, а на Твитер масовно се споделуваат соопштенија за одложување на сообраќајот, за прекини во работењето на одредени банки и слично.

Аеродромот во Берлин на Твитер објави дека заради технички проблеми ќе има одложувања на пријавувањата за летови.

Индиските аеродроми издаваат дозволи за летање напишани рачно.

Целосно е паднат системот на аеродромот Gatwick. Не можете да се пријавите, не можете да се чекирате...

„Нешто многу чудно се случува во моментов: само што ми се јавија повеќе новински агенции во неколку минути, сите со Windows оперативни системи и се жалат дека им се појавуваат сини монитори на смртта.

Некој друг да се соочува со ваков проблем?“ - пишува на Твитер, Трој Хант, регионален директор на Microsoft.

Аеродромот во Сиднеј им препорача на сите патници што патуваат да пристигнат што е можно порано на аеродромот заради техничките проблеми со коишто се соочуваат

Според појаснувањето на BBC најверојатно е проблемот да настанал како последица на надградба на антивирусен систем на компанијата CrowdStrike, па така кај сите што го надградиле софтверот, се јавува „синиот екран на смртта“, односно целосен пад на оперативниот систем Windows.

aerodromite-bankite-zheleznichkite-vo-zastoj-shto-se-sluchuva-so-kompjuterite-vo-svetot-03.jpg

Авиокомпанијата American Airlines даде изјава за BBC и потврди дека проблемот настанал како последица на системот на CrowdStrike, а дека поради тоа не е дозволено полетување на нивните авиони.

По неколкучасовни застои, околу 12, часот и 50 минути, Microsoft излезе со соопштение на Твитер и нагласи дека проблемот е решен.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Апокалиптични сцени од поплавата во Дубаи: Гарнитура лета од тераса, луѓе се кријат на аеродромот (ф... Вчера (16.04) Дубаи го зафати бура со обилни дождови која ги поплави улиците и а...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg