Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“
Другата девојка тврди дека била сексуално вознемирувана, нападната и силувана две години подоцна, во 2012-та година во палатата на Иван Вилциг.
Наводно, тие се запознале во 2008-ма година и девојката во неколку наврати го одбивала Орен кој упорно ѝ се додворувал.
Во 2012-та година таа добила порака од Орен кој ја прашал дали ќе оди во Хемптонс за празниците, на што таа одговорила потврдно.
Наводно, таа кога си заминувала од ноќен бар, од двајцата браќа била одвлечена во црно возило, а потоа ја однеле во палатата на Вилциг. Додека се обидувала да побегне, вработен на браќата ја одвлечкал повторно внатре.
„Жртвата веднаш била присилена да се соблече. Нејзиниот телефон и другите лични предмети биле ставени во шкафче кое било заклучено од браќата.
По ова тие ја однеле во голема спална соба и ја нападнале“ – стои во второто обвинение.
Откако овие две жени се охрабрија, во јавност излезе и трета жртва, Ангела Паркер, која тврди дека освен двајцата близнаци, со нив бил и нивниот постар брат Тал.
Таа и една другарка заедно пристигнале во станот на браќата во 2012-та година и веднаш им понудиле на девојките да земат екстази. Откако девојките одбиле, браќата почнале да ги притискаат девојките за секс, по што на другарка ѝ ѝ станало непријатно и веднаш си заминала, а жртвата останала сама.
По ова Алон и Тал ја силувале.
„Иако таа не сакала (да има односи со нив), не била во можност да се одбрани затоа што цврсто ја држеле“ – се вели во тужбата.
Третиот брат Орен, кој го организирал целиот настан, само седел и ги гледал.
На крај таа успеала да побегне од станот, но постојано ги гледала браќата на настани затоа што се движеле во истите општествени кругови.
Таа тврди дека со години морала да ги слуша како се фалат дека имале секс со неа, но никогаш не ја кажале целосно приказната.
Наводно таа била нападната и неколку години подоцна од најстариот брат Тал, но викала толку гласно што луѓето во близина ја слушнале и веднаш дошле да ѝ помогнат.
Браќата тврдат дека се невини и дека девојките изнесуваат обвиненија со цел да им извлечат пари.
Б. С. Б. | Црнобело