Има 58 години, а изгледа како да има 25 - Кој е Чуандо Тан, мажот кој не старее?

Не пие ни кафе ни чај, не се изложува на сонце и неколкупати ја сменил професијата, бидејќи му создавала стрес. Која е тајната за младешкиот изглед на 58-годишниот Чуандо Тан од Сингапур?

ima-58-godini-a-izgleda-kako-da-ima-25-koj-e-chuando-tan-chovekot-koj-nikogash-ne-staree-01.jpg

Чуандо Тан е сингапурски модел кој неодамна стана интернет сензација поради неговиот младешки изглед. 

Тој има 58 години, но повеќето се согласуваат дека изгледа како да е во своите 20-ти.

Како успева вака да му пркоси на времето?

Некои се сомневаат во допинг, други сметаат дека има направено естетски операции, а дури има и обвинувања дека лаже за својата вистинска возраст и слично.

ima-58-godini-a-izgleda-kako-da-ima-25-koj-e-chuando-tan-chovekot-koj-nikogash-ne-staree-11.jpg

Па, која е всушност тајната на неговиот младешки изглед?

Чуандо Тан е роден во Сингапур и е познат по својата кариера како моден фотограф, модел и актер. 

Пред тоа бил и поп пејач или, кратко кажано - момче со многу таленти.

Денес има 1,5 милиони следбеници на Инстаграм, но тоа нема никаква врска со споменатите таленти. 

Најголемо внимание привлекува неговиот младешки изглед.

На 58-годишна возраст, изгледа како да има 20-тина години.

ima-58-godini-a-izgleda-kako-da-ima-25-koj-e-chuando-tan-chovekot-koj-nikogash-ne-staree-04.jpg

Голема заслуга за својот изглед Чуандо Тан ѝ припишува на балансираната исхрана.

Неговите навики во исхраната се едноставни и ефективни:

Тој се грижи да консумира доволно протеини и да го ограничи внесот на јаглехидрати.

Неговите оброци вклучуваат јајца, авокадо, риба, пилешко и ориз. За ужина избира бадеми или црвено овошје.

Избегнува сосови и претпочита да ја маринира храната. Повремено се препушта на слатки задоволства, како сладолед.

Пие многу вода, избегнува чаеви, кафе и алкохол.

Станува рано, околу 4 часот наутро, за да појадува јајца и овес, а сето тоа го комбинира со млак сок од лимон.

Не вечера, а последниот оброк во текот на денот му е во 19:00 часот.

ima-58-godini-a-izgleda-kako-da-ima-25-koj-e-chuando-tan-chovekot-koj-nikogash-ne-staree-06.jpg

Физичката активност е исто така суштински столб на рутината на Чуандо Тан

Тој оди во теретана од четири до петпати неделно, со интензивни тренинзи кои траат околу 30 минути и кои главно се состојат од работа со телесна тежина.

Претпочита комбинации на кардиовежби и вежбање со тегови.

Тој е поранешен ватерполист и денес редовно оди на пливање, што дополнително придонесува за неговата кондиција.

Своите тренинзи ги адаптира на своите години, за да ги намали ризиците од повреди.

ima-58-godini-a-izgleda-kako-da-ima-25-koj-e-chuando-tan-chovekot-koj-nikogash-ne-staree-15.jpg

Покрај диетата и тренинзите, Чуандо Тан придава големо значење на управувањето со стресот и неговиот начин на живот

Неговата дневна и ноќна рутина за негување на кожата е едноставна: користи средство за чистење на лицето, хидратантен крем и повремено пилинг.

Не се изложува на сонце, бидејќи тоа создава брчки.

Неколкупати менувал работа за да избегне стрес и да најде професија што му одговара.

Редовно медитира, а спие по 7-8 часа навечер.

@c.huando.tiktok

awwt 🤣 I'm not 57 lol 😂 am 58 😏just tried

♬ original sound - c.huando.tiktok

Иако неговите животни навики се одлични, пресудно во сето тоа е генетиката.

Некои поединци, како што е Чуандо Тан, едноставно имаат генетски предиспозиции што им овозможуваат да изгледаат помладо. 

Токму затоа, не секој може да ги постигне истите резултати, дури и ако ги има истите навики.

На крај, најдобрата лекција што може да се извлече од неговиот пример е важноста на грижата за себе.

Сакајте ја вашата работа, хранете се здраво, спијте добро и редовно вежбајте.

ima-58-godini-a-izgleda-kako-da-ima-25-koj-e-chuando-tan-chovekot-koj-nikogash-ne-staree-09.jpg

Повеќе негови фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg