Емотивно видео: 8-годишно дете со тумор на мозокот доби златен тастер на Britain’s Got Talent

Рави од Англија има осум години и тумор на мозокот, а во новата епизода на Britain’s Got Talent доби златен тастер од судиите, откако ги расплака сите. Рави настапуваше во придружба на хор од луѓе кои му помогнале во неговата борба. 

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-01.jpg

На популарното шоу за таленти Britain’s Got Talent, 8-годишно момче ги расплака и судиите и публиката, не само со својата изведба, туку и со својата приказна.

Момчето, кое се вика Рави, настапуваше со неговиот хор, а сподели и дека има тумор на мозокот.

Најпрво Рави излезе на сцената со сестра му и родителите, а потоа зад него застана целиот хор.

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-02.jpg

На прашањето зошто се пријавил на шоуто, тој договори:

„Целиот мој живот гледам Britain’s Got Talent и сакав да се пријавам на аудиција.

Пред две години бев дијагностициран со тумор на мозокот и овде сум за да покажам дека без разлика што ќе ви приреди животот, можете да си ги остварите соништата“.

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-7.jpg

Потоа, судијата Сајмон Кауел го праша Рави нешто повеќе за неговиот хор, а детенцето изјави:

„Тие се овде за да ме поддржат.

Донесов група мои пријатели и наставници од училиште, моето семејство, неколку медицински професионалци кои ми помогнаа кога ја добив дијагнозата и уште неколку прекрасни деца од заедницата на луѓе со тумор на мозокот“.

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-06.jpg

По ова, малиот Рави изјави дека со неговиот хор ќе ја отпеат песната A Million Dreams од филмот The Greatest Showman.

Со емотивниот настап, малиот Рави и неговиот хор ја расплакаа публиката, но ни судиите не останаа рамнодушни, а Алеша Диксон го притисна златниот тастер.

Со ова, Рави и хорот директно влегоа во полуфиналето на шоуто.

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-05.jpg

А, Сајмон, кој е познат како најстрогиот судија, имаше само пофални зборови:

„Рави ти си многу талентирана, многу храбра и многу посебна личност. Многу сум среќен што го имаше овој момент бидејќи го заслужи, сите вие го заслуживте…

Затоа го имаме златниот тастер, за луѓе како вас“.

Секако, пофални зборови имаа и другите судии, а Алеша која го притисна тастерот низ солзи изјави:

„Златниот тастер е многу лична работа и јас секогаш велам дека можам да го притиснам кога чувствувам дека навистина треба.

Ти си прекрасен млад човек. Од моментот кога почна да зборуваш ме освои“.

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-04.jpg

Подоцна Рави изјави дека доколку победат со хорот, парите од наградата ќе ги донираат во добротворни организации.

Во шоуто, главната награда е 250.000 фунти, односно околу 290.000 евра.

emotivno-video-8-godishno-dete-so-tumor-na-mozokot-dobi-zlaten-taster-na-britain-s-got-talent-03.jpg

Во изјава за The Sun, Рави вели дека воопшто не го очекувал златниот тастер, а на почетокот не ни забележал дека Алеша го притиснала.

„Не ја видов Алеша додека го притиска бидејќи се поклонувавме!

Одеднаш се појавија конфети и ни требаше време да сфатиме дека се поради тастерот.

Ако победиме, наградата ќе ни помогне да ги собереме потребните пари за добротворните организации. Но, победата исто така ќе ја зголеми свесноста за туморите на мозок“.

Погледнете го целиот настап на Рави и хорот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg