Апокалиптични сцени од поплавата во Дубаи: Гарнитура лета од тераса, луѓе се кријат на аеродромот (фото+видео)
- Детали
- среда, 17 април 2024
Вчера (16.04) Дубаи го зафати бура со обилни дождови која ги поплави улиците и аеродромот кој е втор најпрометен во светот. Многумина токму на аеродромот бараат засолниште додека се обидуваат да фатат лет за да го напуштат градот.
Дубаи е практично под вода по бурата со обилен дожд и грмотевици што го зафати градот во вторникот.
Според CNN, во еден ден наврнало количество дожд колку за една година и скоро сите улици се претворени во реки.
Поплавен е и аеродромот, кој е втор најпрометен аеродром во светот, а многумина бараат засолниште токму таму.
Од фотките и видеата споделени на социјалните мрежи се гледаат многу луѓе кои спијат на подот на аеродромот, додека чекаат летови за излез од земјата.
Според Daily Mail, голем број патници биле вратени на терминалот и биле откажани вкупно 17 летови.
#Dubai#Dubai experiences flooding due to heavy rains, leading to airport waterlogging and flight diversions. Watch the situation unfold. #DubaiRains #Floods #dubairain #DubaiStorm pic.twitter.com/VGLZNRBi6v
— DW Samachar (@dwsamachar) April 17, 2024
И патиштата околу аеродромот се поплавени, а има и бројни автомобили кои се заглавени. Голем дел од автомобилите се напуштени бидејќи возачите не можеле да продолжат да управуваат со нив.
Уништени се и многу продавници и згради поради големото количество вода.
Српската фитнес инструкторка Јанка Будимир која живее во Дубаи сподели и морничави видеа од бурата.
На едно од видеата на Инстаграм Стори се гледа како од балкон буквално излетува цела гарнитура.
На другото видео се гледа маж кој со скутер на вода вози низ поплавената улица.
Наводно, се очекува дождот да продолжи и во текот на денешниот ден, што може дополнително да ја влоши состојбата.
The strong gusts of wind cause great destruction in #Dubai #DubaiStorm#dubairain pic.twitter.com/fwm6VBBZHM
— himanshu tiwari (@shivanshu1239) April 17, 2024