„Се разведов од сопругот откако остана во инвалидска количка – сега се грижам за него со новиот партнер“

Сепак, по неколку години Крис сфатила дека состојбата на Брендон нема да се подобри и дека на нивниот брак дефинитивно му е дојден крајот.

„Знаев дека го сакам многу, дека сакам да се грижам за него и да бидам дел од неговиот живот. И знаев дека од сите луѓе во неговиот живот, јас можам најдобро се грижам за него“.

se-razvedov-od-soprugot-otkako-ostana-vo-invalidska-kolichka-sega-se-grizham-za-nego-so-noviot-partner-08.jpg

Притисната од финансиски проблеми, но и бројните предизвици со кои се соочувала, во 2010-та Крис донела одлука да се разведе од Брендон и да стане негов легален старател.

„Комплицирано е да бидете нечиј старател и да бидете разведени. Се сеќавам дека судијата ме праша што ќе се случи ако создадам семејство, а јас реков дека ќе се грижам за него до крајот на мојот живот“.

И, Крис дефинитивно си го одржала ветувањето, дури и откако се премажила и добила деца.

se-razvedov-od-soprugot-otkako-ostana-vo-invalidska-kolichka-sega-se-grizham-za-nego-so-noviot-partner-05.jpg

Неколку години подоцна, Крис го запознала Џејмс. Почнала да се гледа со него и кога сфатила дека и тој сака сериозна врска и дека ја прифаќа нејзината ситуација со Брендон, решила да ги запознае.

„Заедно го однесовме Брендон во црква. Отидов до тоалет и кога се вратив, видов како Џејмс го прегрнува Брендон. Тогаш знаев дека тој е вистинскиот“.

se-razvedov-od-soprugot-otkako-ostana-vo-invalidska-kolichka-sega-se-grizham-za-nego-so-noviot-partner-10.jpg

Крис и Џејмс се венчале во 2015-та, а сега имаат и две ќерки. Џејмс има и син од претходна врска.

А, двајцата му ја пружат најдобра грижа на Брендон.

Крис вели и дека Џејмс го гледа како свој брат.

se-razvedov-od-soprugot-otkako-ostana-vo-invalidska-kolichka-sega-se-grizham-za-nego-so-noviot-partner-02.jpg

Бидејќи на Брендон му била потребна 24-часовна нега, тој сега е сместен во дом за лица со посебни потреби кој се наоѓа речиси веднаш до куќата на Џејмс и Крис.

Притоа, таа многу често го носи дома.

„Јас уште го сакам Брендон и тој е голем дел од нашето семејство“, вели Крис.

se-razvedov-od-soprugot-otkako-ostana-vo-invalidska-kolichka-sega-se-grizham-za-nego-so-noviot-partner-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg