„Се разведов од сопругот откако остана во инвалидска количка – сега се грижам за него со новиот партнер“
- Детали
- понеделник, 25 март 2024
Сопругот на жена од САД доживеал сообраќајка, а поради повредите, сега е во инвалидска количка и не може да комуницира. Таа поднела барање за развод и станала негов легален старател, а сега се грижи за него со нејзиниот нов сопруг.
Крис Армстронг и Брендон Смит од САД се запознале во средно, а тогаш почнале и да се гледаат.
Се венчале кога наполниле 21 година, но нивната среќа не траела долго.
Во 2008-ма, само две години откако се венчале, Брендон имал сообраќајна несреќа која го оставила во инвалидска количка.
„Тој период беше како жив кошмар. Имаше моменти кога се будев наутро и заборавав на сè, а потоа се присетував на сè одеднаш“, раскажува Крис за магазинот People.
Повредите на Брендон биле многу сериозни – додека да го однесат во болница, тој бил во кома.
Се разбудил по два месеца, но на Крис ѝ станало јасно дека мажот што го љуби повеќе не е со неа.
„Неговата меморија, која уште не му е подобрена, траеше 10 секунди. Тогаш ми стана јасно дека од сопруга, ќе станам негова негувателка.
Кога некој има сериозна повреда на мозокот, ја губите таа личност, но добивате некој нов. Ми требаше многу време да го сфатам тоа“, вели Крис во изјава за CBS News.
Крис открива дека не можела никако да комуницира со Брендон – му зборувала, но не можеле да водат покомплексен разговор.
Крис не ни помислила да се откаже од сопругот, па дури и си ја променила кариерата за да може да му помогне.
Таа станала експерт за говор со надеж дека ќе има некаков напредок.