Ријалити ѕвезда со исповед: „Сакав задник како Ким Кардашијан, ќе умрев по операцијата за лифтинг“

„Ми извадија еден литар гној. Тоа беше толку страшно и болно. Низ цела болница ме слушаа како врескам“ – британска ријалити ѕвезда раскажува како за малку ќе го загубела животот по операција за бразилски лифтинг на задникот. Вели дека воопшто не била свесна колку се опасни последиците.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-01.jpg

Општо познато е дека операцијата за бразилски лифтинг на задник е една од најопасните пластични операции, а британската ријалити ѕвезда и инфлуенсерка Софи Касеи го раскажа своето хорор искуство.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-02.jpg

Таа вели дека почнала да добива понуди за бесплатна операција на задникот во Турција.

„Со оглед на тоа што немав премногу облини претходно, мислев дека ова е одлична можност и дека би можела да изгледам како Ким Кардашијан.

Мојот задник не беше најдобар, но сега кога се навраќам, посакувам само да ставев импланти, или да одев во теретаната“ – раскажува Софи.

Таа на само 24 години одлучила да отпатува во Турција и да ја направи операцијата за бразилски лифтинг на задникот - процедура во која масното ткиво од стомакот, колковите или бедрата се префрла во задникот.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-03.jpg

Оваа операција се состои од два дела. Во првиот дел лекарите го вшмукуваат масното ткиво од останатите делови на телото, а потоа се пренесуваат во задникот.

Ријалити ѕвездата вели дека набрзо по операцијата знаела дека нешто не е во ред.

„Неколку дена подоцна се погледнав во огледало и си реков: ‘Чекај, нормално ли е да имам вакви видливи повреди? Дали треба вака да изгледам?’“ – раскажува таа и додава дека во задниот дел на телото имала изгореници, но не реагирала затоа што сметала дека треба време за телото да ѝ заздрави.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-06.jpg

Но, по 8 недели, ситуацијата се влошила. Прво почнала да чувствува болка во левиот дел од задникот.

Во тој период таа била во Мексико и веднаш отишла во болница, а како што вели, била изненадена од тоа колку лекарите биле испаничени.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-07.jpg

Кога ги прашала што се случува, лекарите ѝ рекле дека имала гнојна циста во задникот и дека може да умре ако цистата пукне.

„Им реков веднаш да ми резервираат лет за дома и дека ако умирам, сакам моето семејство да биде околу мене. Така се вратив во Њукасл и веднаш отидов во болница.

Таму ме задржаа преку ноќ, а утрото бев на операција за да го извадат гнојот од моето тело.

Ми извадија еден литар гној. Тоа беше толку страшно и болно. Низ цела болница ме слушаа како врескам. Како да бев во пекол, не можев да одам, не ја чувствував ногата“ – раскажува Софи.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-08.jpg

Таа покажа фотографија од блиску како изгледала лузната од каде што ѝ бил отстранет гнојот и вели дека се чувствува несигурно заради тоа.

Софи денес ја споделува својата хорор приказна за да ги предупреди жените да знаат кои се опасностите од оваа процедура.

rijaliti-dzvezda-so-ispoved-sakav-zadnik-kako-kim-kardashijan-kje-umrev-po-operacijata-za-lifting-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg