Сака да носи женска облека, се дружи само со богаташи: Синот на кошаркарот Меџик Џонсон живее во раскош

Кошаркарот Меџик Џонсон има изјавено дека тешко го прифатил фактот дека син му е хомосексуалец, но денес му е најголема поддршка. Како изгледа раскошниот живот на Еј Џеј?

javno-prizna-deka-e-gej-i-se-oblekuva-vo-zenska-garderoba-sinot-na-slavniot-kosharkar-medzik-dzonson-obozava-luksuz-01.jpg

Синот на Меџик Џонсон, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, се вика Ервин Џонсон, а е познат како Еј Џеј, и привлекува внимание поради својот изглед каде и да се појави.

Еј Џеј е зачнат само неколку месеци пред на Меџик Џонсон да му биде дијагностициран ХИВ, но за среќа е роден без вирусот.

Обожава да се облекува во женска гардероба, а на само 13 години му признал на својот татко дека е хомосексуалец.

javno-prizna-deka-e-gej-i-se-oblekuva-vo-zenska-garderoba-sinot-na-slavniot-kosharkar-medzik-dzonson-obozava-luksuz-02_1.jpg

Кога Меџик Џонсон дознал дека синот му е хомосексуалец, премногу плачел и му било тешко да го прифати тоа.

Токму таквата ситуација придонела Еј Џеј да почне да се прејадува и драстично да се дебелее, па пред неколку години направи операција за намалување на желудникот.

Во шоуто на Елен Деџенерис, Меџик Џонсон го раскажа своето искуство како родител кој дознал дека синот му е геј.

javno-prizna-deka-e-gej-i-se-oblekuva-vo-zenska-garderoba-sinot-na-slavniot-kosharkar-medzik-dzonson-obozava-luksuz-03.jpg

Еј Џеј популарност стекна со учеството во реално шоу во кое се прикажувал животот на богатите деца од Беверли Хилс.

Дури во 2013 година јавно призна дека е хомосексуалец, но дека иако сака да носи женска облека, демантира дека е трансродова личност или дека сака да го промени полот.

Тогаш Меџик Џонсон за медиумите изјави: 

„Јас и мојата сопруга го сакаме Еј Џеј и го поддржуваме во секој поглед. Многу сме горди на него“.

javno-prizna-deka-e-gej-i-se-oblekuva-vo-zenska-garderoba-sinot-na-slavniot-kosharkar-medzik-dzonson-obozava-luksuz-04.jpg

Денес Еј Џеј им помага на другите да се прифатат себеси, а освен тоа, нема друга конкретна професија.

Ноќниот живот и забавите се дел од неговиот начин на живот, па многумина го нарекуваат и „старлета“.

Летува само на најпрестижните одморалишта, во друштво на децата на богатите.

Модата му е опсесија, па не постои модна ревија на која не присуствувал.

javno-prizna-deka-e-gej-i-se-oblekuva-vo-zenska-garderoba-sinot-na-slavniot-kosharkar-medzik-dzonson-obozava-luksuz-05.jpg

Поминал низ разни фази и физички промени, од чести промени на бојата на косата до варирање со килограмите.

Вели дека има тешкотии при пронаоѓање на романтичен партнер, бидејќи сите се заинтересирани за врска со синот на Меџик Џонсон, а не за вистинска љубов.

Повеќе фотографии од Еј Џеј погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg