„Никогаш веќе нема да учествувам во Secret Santa на работа – купив скап подарок, а добив кутија чоколатца“

„Знам дека е Божиќ, некои луѓе можеби нема да добијат ниту еден друг подарок, па затоа дадов сè од себе за мојата колешка да добие најубав подарок“ – вели еден разочаран маж. Прво чекал неколку дена да го добие подарокот од неговиот „Secret Santa“, а внатре имало само неколку евтини чоколатца.

nikogash-vekje-nema-da-uchestvuvam-vo-secret-santa-na-rabota-kupiv-skap-podarok-a-dobiv-kutija-chokolatca-01.jpg

Голем број компании во светот организираат анонимна размена на подароци, каде секој вработен го извлекува името на свој колега кому треба да му купи подарок.

Таквата размена уште се нарекува и Secret Santa, но еден маж е видно вознемирен заради подарокот што го добил, па одлучи своето разочарување да го сподели со следбениците на ТикТок.

Тој во видеото држи мала сина кутија и разочарано покажува дека добил само евтини чоколатца.

„Нема да учествувам во Secret Santa на ниту едно работно место, никогаш повеќе во животот“ – вели тој.

nikogash-vekje-nema-da-uchestvuvam-vo-secret-santa-na-rabota-kupiv-skap-podarok-a-dobiv-kutija-chokolatca-02.jpg

Појаснува дека многу се вложил за подарокот што го дал. Ставил убава украсна хартија, убава ќеса со светилки, најразлични декорации за неговата колешка.

„Знам дека е Божиќ, некои луѓе можеби нема да добијат ниту еден друг подарок, па затоа дадов сè од себе за мојата колешка да добие најубав подарок“ – вели тој.

Договорот бил секој од вработените да го остави својот подарок кој чини до 25 долари на полицата, а колегата што требало нему да му даде подарок воопшто не дошол на работа.

nikogash-vekje-nema-da-uchestvuvam-vo-secret-santa-na-rabota-kupiv-skap-podarok-a-dobiv-kutija-chokolatca-03_copy.jpg

Неколку дена подоцна го добил подарокот и бил разочаран затоа што внатре имало само чоколатца.

Неговите следбеници исто така раскажуваат дека и ним им се случило да останат разочарани од подароците. Очекувале да добијат нешто неверојатно, а на крај дома си заминале со ситници.

Погледнете го видеото:

@star_hollywood

#fyp #foryoupage #foryourpage #explorepage✨ #secretsanta #secretsanta🎅🎄🎁 #christmas2023 #workchristmasparty #fypage #candy #starhollywood

♬ original sound - Star ⭐️ Hollywood

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg