„Најдобриот шеф во светот“ им платил патување во Дизниленд во Токио на 1.200 вработени во знак на благодарност

Таканаречениот „најдобар шеф“ во светот им платил патување во Дизниленд во Токио на 1.200 свои вработени, покривајќи ги трошоците за патот, сместувањето и билетите за забавниот парк. А, ова не е првпат да им приреди забавни изненадувања на вработените во знак на благодарност.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-01.jpg

Тајкунот Кен Грифин кој е основач и извршен директор на компанијата Citadel LLC неретко е нарекуван „најдобриот шеф во светот“.

Милијардерот е познат по тоа што им приредува забавни изненадувања на неговите вработени, како приватен концерт со ѕвезди како Калвин Харис и бендот Coldplay.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-04.jpg

Неговата компанија има канцеларии во САД, Азија и Европа, а вработените неретко добиваат луксузни подароци од него.

Неодамна, тој уште една покажа дека си ја заслужува титулата – на 1.200 вработени од канцелариите во Азија им подарил патување во Дизниленд во Токио.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-03.jpg

Трошоците за ова патување веројатно не се ништо за 55-годишниот бизнисмен чие богатство се проценува на 33 милијарди долари.

Но, веројатно тој е еден од ретките ултрабогати шефови кои на овој начин си ги разгалуваат вработените.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-06.jpg

Тој ги покрил трошоците и за партнерите и децата на вработените, а притоа платил екстра за да не мораат да чекаат во редици на забавниот парк.

Неретко, во забавните паркови на Дизни треба да чека и по еден час за најпопуларните атракции.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-05.jpg

Во склоп на патувањето до Токио била организирана и забава.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-07.jpg

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-08.jpg

Минатата година, милијардерот ги однел вработените во Дизниленд во Орландо.

Тој платил за вработени од Њујорк, Париз, Цирих и други европски градови, покривајќи ги трошоците за летовите до САД, хотелското сместување, оброците, како и билетите за Дизниленд.

Патувањето траело три дена, а една вечер им организирал и приватен концерт со Coldplay и диџејот Дипло.

najdobriot-shef-vo-svetot-im-platil-patuvanje-vo-diznilend-vo-tokio-na-1-200-vraboteni-vo-znak-na-blagodarnost-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам ушт... Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и н...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
Кога си платил за одмор: Вирално видео од маж кој седи во базен среде ураган „Вака изгледа кога си платил скапо за одмор и местото е погодено од ураган!“ – с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg