„Веќе 2 години немам секс, мажите се плашат од мене затоа што сум премногу убава“

Шведскиот модел Амбер Јохансен две години немала секс, ниту, пак, била на љубовен состанок. Таа тврди дека мажите се плашат од нејзината убавина и тоа што е успешна, па затоа бегаат.

vekje-2-godini-nemam-seks-mazhite-se-plashat-od-mene-zatoa-shto-sum-ubava-01_copy.jpg

37-годишната Амбер Јохансен добива големо внимание од нејзините следбеници на интернет (на Инстаграм ја следат околу 540.000 луѓе), но кога станува збор за реалноста, ситуацијата е обратна – мажите наместо да ѝ пријдат, бегаат од неа.

„Мислам дека мојата работа како модел и инфлуенсер ги одбива. Не сум била на состанок и не сум имала секс две години.

Мојот сексуален нагон е сè уште силен. Мастурбирам секојдневно“, вели таа.

vekje-2-godini-nemam-seks-mazhite-se-plashat-od-mene-zatoa-shto-sum-ubava-02.jpg

Амбер признала дека последниот пат кога договарала љубовен состанок, мажот со кој се договарала да се види, ѝ откажал во последен момент.

„Работата ми го попречува љубовниот и сексуалниот живот, а повеќето момци се плашат да ми пријдат.

Последен пат кога се обидов да организирам состанок, типот ми откажа во последен момент. Искрено, мислам дека тој беше исплашен од мојот успех и убавина“.

https://www.instagram.com/p/Cqp6j-ussL_/

Но, таа додава и дека често била навредувана поради својот изглед:

„Некои мажи со кои се гледав во минатото ми рекоа дека не ме сфаќаат сериозно и дека би се засрамиле да бидат со мене.

Се обидов преку апликации за запознавање, но мажите мислат дека е лажен профил или ја наоѓаат мојата секси содржина на интернет пред состанокот, па чувствувам дека разговорот се менува и дека се повеќе заинтересирани да ме „легнат“ отколку всушност да дознаат која сум јас“.

vekje-2-godini-nemam-seks-mazhite-se-plashat-od-mene-zatoa-shto-sum-ubava-04.jpg

И покрај нејзината лоша среќа, Амбер се надева дека наскоро ќе ја најде љубовта.

Таа сега бара потенцијален партнер надвор од Шведска, бидејќи верува дека Швеѓаните не се доволно големи кавалери и дека се скржави.

vekje-2-godini-nemam-seks-mazhite-se-plashat-od-mene-zatoa-shto-sum-ubava-03.jpg

„Барам некој интелигентен, љубезен, со добри манири... Мојот најголем проблем со шведските мажи е недостатокот на витештво.

За жал, во мојата родна земја, момците сакаат да ја споделат сметката 50/50 и јас го мразам тоа, особено на првиот состанок. Не ми пречи да плаќам за себе или за состанок, но тоа е принципот.

Затоа сакам Британци! Го сакам нивниот акцент и дрскиот начин на однесување. 

Се откажав од идејата дека ќе најдам маж поради мојата работа, но, чуда се случуваат. Би сакала да најдам маж кој ќе ме прифати таква каква што сум“, додава таа.

vekje-2-godini-nemam-seks-mazhite-se-plashat-od-mene-zatoa-shto-sum-ubava-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg