Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-годишно дете

„Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборови свекрвата конечно ја прифатила снаата со џуџест раст, откако претходно 6 месеци не сакала да разговара со синот, затоа што не можела да се помири со фактот дека нејзиниот син е вљубен во жена која е висока колку 2-годишно дете.

site-se-protivea-zatoa-shto-se-ozheniv-so-zhena-so-djudjest-rast-no-ljubovta-ne-poznava-granici-01.jpg

Често велат дека љубовта не познава граници, а пример за тоа се и Јеси и Брајан од САД, кај кои разликата во височината од околу 86cm не била пречка да стапат во брак. Јеси е жена со џуџест раст, но тоа не го спречило Брајан да застане пред олтар со неа.

Јеси е 34-годишна девојка со џуџест раст, која е висока само 89cm. Таа страда од дијатрофична дисплазија (diastrophic dysplasia), нарушување кое влијае врз развојот на скелетот и коските и доведува до постојана болка и деформитет на зглобовите.

site-se-protivea-zatoa-shto-se-ozheniv-so-zhena-so-djudjest-rast-no-ljubovta-ne-poznava-granici-02.jpg

Кај лицата што страдаат од вакво нарушување, нозете и рацете не се развиваат и не постигнуваат ‘возрасна’ големина.

Друг проблем е оштетувањето на зглобовите, заради што Јеси мора постојано да биде во количка за инвалиди, а за неа вистински предизвик е кога треба да достигне нешто високо или да отвори некој предмет што е цврсто затворен.

Таа денес е висока колку 2-годишно дете и вели дека целиот свој живот ѝ нагласувале да бара партнер кој што е со слична височина како нејзината.

Но, во 2017-та година, сосема случајно на интернет го запознала Брајан (36), кој е висок 175cm.

site-se-protivea-zatoa-shto-se-ozheniv-so-zhena-so-djudjest-rast-no-ljubovta-ne-poznava-granici-05.jpg

Тој видел фотографија на која се гледало нејзиното тело во целост и сфатил дека таа е со џуџест раст, но тоа не го спречило да ја покани на состанок.

Уште на првиот состанок Брајан и Јеси сфатиле дека имаат слични погледи на светот и животот и дека имаат слични карактери, па така ја започнале нивната врска.

Една година откако се запознале, тие почнале да живеат заедно, а во 2021-ва година направиле и свадба на Бахамите, во присуство на нивните пријатели и роднини.

site-se-protivea-zatoa-shto-se-ozheniv-so-zhena-so-djudjest-rast-no-ljubovta-ne-poznava-granici-03.jpg

Но, нивната врска не поминала без проблеми и осудувања. Голем број пријатели и блиски упатувале критики до парот и не ја оправдувале нивната љубов,

Јеси раскажува дека мајка му на Брајан кога ја видела, веднаш била против нивната врска, па парот дури 6 месеци не разговарал со неа.

site-se-protivea-zatoa-shto-se-ozheniv-so-zhena-so-djudjest-rast-no-ljubovta-ne-poznava-granici-06.jpg

Во првиот миг, мајката на Брајан, Меги, не сакала да ја прифати Јеси, затоа што била уверена дека девојката има потреба од постојана нега и не сакала нејзиниот син да остане заробен во врска во којашто ќе треба постојано да се грижи за својата сопруга.

Но, откако со текот на времето Маги сфатила дека Јеси е мошне независна и нејзиното мислење за неа се променило:

„Кога ќе запознаеш некого, и кога ќе почне да ти се допаѓа, ти не ја гледаш нивната височина. Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“ – на крај ѝ рекла мајката на Јеси.

site-se-protivea-zatoa-shto-se-ozheniv-so-zhena-so-djudjest-rast-no-ljubovta-ne-poznava-granici-07_copy.jpg

Брајан и Јеси велат дека денес уживаат во складен брак и имаат заедно едно куче, а во иднина размислуваат да го прошират семејството и со деца, но и со уште домашни миленичиња.

Денес тие ја раскажуваат својата уникатна приказна со цел да докажат дека љубовта навистина не познава граници.

Погледнете го видеото во кое тие зборуваат за својата приказна:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg