„Се родив како машко, но лекарите ми го смениле полот за да ми го спасат животот – дознав 22 години подоцна“

Софи од Англија се родила со машки полови органи, но поради ретко нарушување, лекарите сфатиле дека е најдобро да ѝ ги отстранат гениталиите и да ѝ го променат полот. Софи била одгледана како девојче и голем дел од животот пиела терапија со естроген, а вистината ја дознала дури на 22 години.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-01.jpg

Софи Отавеј од Англија била родена со ретко нарушување, поради што итно ѝ била потребна операција.

Таа се родила во 1986-та, со нарушување поради кое органите во абдоменот не се формирале правилно. Ова, пак, резултира со развивање на органите како мочниот меур и цревата надвор од телото.

Операцијата била неопходна за да ѝ се спаси животот.

Но, Софи била родена како момче, а го дознала тоа дури многу подоцна.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-03.jpg

Таа се родила со оштетен пенис, но здрави тестиси. Поради ова, лекарите ги советувале нејзините родители целосно да ги отстранат машките гениталии за во иднина да се избегнат компликации.

Следниот ден, родителите морале да го пополнат документот за раѓањето на Софи и, следејќи ги советите на хирургот, запишале дека е женско.

Денес, Софи има 37 години, а за The Sun открива дека дознала за целата ситуација дури на 22-годишна возраст.

Имено, лекарите им кажале дека е најдобро таа да не знае.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-05.jpg

Софи дознала дека била родена како машко сосема случајно, кога била на преглед. Резултатите од прегледот покажале дека има XY хромозоми (жените имаат XX хромозоми).

13 години откако дознала, Софи се соочила со друг проблем – поради лошо изведената операција, таа развила сепса.

„На 11-годишна возраст, како што ми наближуваше пубертетот, почнаа да ми даваат терапија со естроген бидејќи немам јајници, а немам ни тестиси за да лачат тестостерон“, открива таа.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-09.jpg

На Софи ѝ кажале дека мора да ја прима терапијата бидејќи кога била бебе ѝ ги извадиле јајниците поради компликација.

Кога ја дознала вистината, одлучила да престане да ги пие.

„Бев сигурна дека многу проблеми во мојот живот ми беа предизвикани од хормоните. Бев многу потешка, а не се хранев лошо. Постојано имав болки во мочниот меур. Постојано бев уморна, но и гневна“.

Откако престанала со хормоните, Софи вели дека симптомите ѝ се повлекле.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-10.jpg

Проблемите со сепсата се јавиле за време на карантинот поради пандемијата.

Со операцијата кога се родила, на Софи ѝ била направена „пластична вагина“ – слична процедура која ја прават лицата кои си го менуваат полот.

Но, операцијата не била изведена правилно, па Софи се соочила со сепса.

Софи вели дека е свесна дека лекарите ѝ го спасиле животот, но била гневна што ѝ создале други компликации.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-04.jpg

Денес Софи е во добра состојба, а вели дека не сака да се етикетира како машко или женско.

„Луѓето често мислат дека сум трансродово лице, но навистина не сакам етикети. Јас сум само Софи“.

На почетокот, Софи била гневна на родителите што ја криеле вистината од неа, но сега вели дека им простила и сфатила дека ѝ мислеле најдобро.

se-rodiv-kako-mashko-no-lekarite-mi-go-smenija-polot-za-da-mi-go-spasat-zhivotot-doznav-22-godini-podocna-02.jpg

Сепак, додава дека ја споделува својата приказна за да не му се случи истото на друго бебе кое ќе се роди со состојба како нејзината. Таа смета дека требало да знае за ова и самата да одлучи за својот пол.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg