Вирално видео од фризерка: „Лоши работи што ги прават клиентките, а ме иритираат и мене и сите стилисти“

„Првaта иритантна работа е доцнењето или воопшто да не дојдете. Јаснo ни е дека се случуваат работи, но обично стилистите имаат клиенти цел ден. Ако задоцните повеќе од пет минути, ова има влијание врз целиот наш ден“, вели фризерката Телеса Браун од Канада.

viralno-video-od-frizerka-loshi-raboti-shto-gi-pravat-klientite-i-shto-gi-iritiraat-site-stilisti-01.jpg

Телеса Браун од Канада е фризерка која на вирално ТикТок видео ги сподели работите што клиентите ги прават, а сите фризери потајно ги мразат.

Ова се грешки за кои стилистите (најверојатно) нема да ви речат ништо, но дефинитивно ги иритираат бидејќи лошо се одразуваат на нивната работа или им создаваат други проблеми.

Петте грешки што треба да ги избегнувате во фризерски салон според Телеса:

Првото е доцнење или воопшто да не дојдете. Јасно ни е дека се случуваат работи, но обично зафатен стилист има клиенти цел ден и доцнењето повеќе од пет минути има влијание врз целиот наш ден.

Ако не дојдете воопшто... Очигледно не заработуваме со празен стол во салонот. Очекувајте да ви биде наплатено за ова.

Второто е доаѓање за фарбање со валкана коса. Разбирам дека стилистите со години ви кажувале да го правите ова, не е ваша вина, но овде сум да ја исправам грешката.

Фарбата за коса функционира подобро на чиста коса. Па, за најдобри резултати, дојдете со чиста коса.

viralno-video-od-frizerka-loshi-raboti-shto-gi-pravat-klientite-i-shto-gi-iritiraat-site-stilisti-02.jpg

Трето е доаѓање кога сте болни. Во денешно време, не ми се верува дека ова сè уште се случува. Повеќето луѓе, вклучувајќи ме и мене, нема да ви наплатиме ’казна‘ за откажување на терминот ако сте болни.

Не сакам потоа да откажам клиенти за цела недела само за да дојдете вие. Разбирам дека обично повеќето од вас сте чекале, но ве молам не доаѓајте кога сте болни.

Број четири е барање потполно друг третман од оној што сте го закажале. Па, ако сте закажале за потстрижување, а побарате фарбање, ова е толку тешко најмногу бидејќи сум самовработена и не можам да речам „не“. Бидејќи, обично тоа се големи услуги што сакаме да ги правиме.

Но, за секоја услуга е потребно различно време. Ако сакате нешто поразлично од она што обично го барате, ве молам однапред кажете му на стилистот и тогаш тој ќе може да ве смести во соодветен термин.

viralno-video-od-frizerka-loshi-raboti-shto-gi-pravat-klientite-i-shto-gi-iritiraat-site-stilisti-04.jpg

Број пет - немојте да влезете во салонот и да речете дека никој не знае како да ви ја потстрижува или фарба косата. Тоа е предупредувачки знак за нас бидејќи за мене тоа значи дека што и да направам, вие нема да бидете задоволни.

Со ова ме терате да не сакам да ви ја средам косата. Секако дека го даваме најдоброто од нас и некогаш вие ќе имате лоша среќа и стилистите нема да го направат она што го сакате. Но, можам да кажам дека во 99% од ситуациите вие сте проблемот“.

@telesabrown

#5 is the worst one. Stop it! #calgary #hairstylistsoftiktok #hairstylistsbelike #hairstylistsproblems #helpmehelpyou #bebetter

♬ Storytelling - Adriel

Во коментари, многумина се согласуваат, но некои имаат прашање за фарбањето на косата. Телеса го дообјаснува правилото и вели дека косата треба да е измиена од 24 до 48 часа пред третманот. Односно, да не биде многу валкана и немиена повеќе денови.

Таа додава и дека ако косата е многу мрсна, маслата можат да имаат влијание врз хемикалиите на фарбата, па бојата да не излезе ако што треба.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg