Морничаво видео: Дете (6) паѓа од 12 метри височина од зиплајн – го спаси езерото под него
- Детали
- среда, 28 јуни 2023
На морничаво видео направено минатата седмица во забавен парк во Мексико се гледа како детенце паѓа од зиплајн. За среќа, паднало во езеро и ги избегнало повредите, но поради несоодветно обучените вработени, постоела голема можност да се удави.
Спуштањето со зиплајн е сон на многу авантуристи, но бидејќи станува збор за ризична активност, не е препорачлива за деца, особено ако е на голема висина.
Морничаво видео снимено во неделата (25.06) го потврдува токму ова.
Видеото е направено во забавниот парк Fundidora во Мексико, а на него се гледаат маж и мало дете на зиплајн.
Како што се спуштаат, безбедносното јаже на детето се кине и тоа паѓа од височина од 12 метри.
За среќа, 6-годишното детенце паднало во езеро и ги избегнало сериозните повреди. Но, постоела опасност да се удави.
Подоцна неговата сестра откри дека некој маж веднаш скокнал во езерото за да го извади детето, а речиси се удавил додека го спасувал.
Таа истакнува и дека во паркот воопшто не се грижеле за безбедноста.
„Во паркот немаат луѓе кои се тренирани за вакви ситуации, никој од нив не можеше да му помогне да излезе од водата. Ужасен парк. Неверојатно е како може да се случи нешто катастрофално додека да трепнете“.
Роднина на момчето потврдува дека никој во паркот не бил соодветно обучен.
„Бидејќи бевме во близина, можевме да го извадиме навреме. Поради несоодветниот тренинг на вработените во паркот, сè можеше да заврши многу полошо“.
Daily Mail пренесува дека момчето е во добра состојба и по инцидентот си заминало дома со родителите и семејството.
Од паркот, пак, изјавиле дека зиплајнот бил затворен и дека ќе разгледале дали некој треба да сноси одговорност.
Спирова С. | Црнобело