Сите петмина туристи се прогласени за мртви - Подморницата „Титан“ најверојатно се распаднала на 500 метри од „Титаник“

Со помош на далечински управувано возило на дното на Северноатланскиот Океан биле најдени остатоците на малата подморница „Титан“, во непосредна близина на потонатиот брод  „Титаник“ со што и официјално беше ставен крај на потрагата по преживеани.

site-petmina-turisti-se-proglaseni-za-mrtvi-podmornicata-titan-najverojatno-se-raspadnala-na-500-metri-od-titanik-01.jpg

Генералниот директор на компанијата OceanGate, Стоктон Раш, нуркачот Пол Анри Наржоле, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман се прогласени за мртви.

„Веднаш по ова откритие ги известивме семејствата на жртвите и во име на Крајбрежната стража на САД и сите вклучени во потрагата изразувам најдлабоко сочувство до семејствата“ -  рече адмиралот Џон Маугер.

https://www.instagram.com/p/Ctze5u9hxz4/

Се верува дека подморницата експлодирала на дното на океанот, во непосредна близина до пропелерот на „Титаник“. Според Daily Mail, остатоците од подморницата биле најдени на само 500m од потонатиот брод.

„Големината на полето со остатоци е во согласност со катастрофалната имплозија на бродот“ - рече Маугер.

Имплозијата настанала најверојатно затоа што надворешниот притисок бил многу поголем од притисокот во кабината, што предизвикало подморницата да се распадне.

site-petmina-turisti-se-proglaseni-za-mrtvi-podmornicata-titan-najverojatno-se-raspadnala-na-500-metri-od-titanik-04.jpg

Пронајдени се пет делови од подморницата. Некои од нив припаѓале на капсулата која го одржувала притисокот внатре во подморницата.

Вестите се потврдени и од страна на компанијата OceanGate, но и од крајбрежната страна на САД.

Во однос на звуците на тропање што се слушаа во изминатите денови, и што според многумина беа знаци на надеж, адмиралот Џон Маугер на прес-конференцијата денес изјави:

„Имплозијата предизвикала значаен звук што се шири, што може да биде звукот што сонорот успеал да го улови“ – рече тој.

site-petmina-turisti-se-proglaseni-za-mrtvi-podmornicata-titan-najverojatno-se-raspadnala-na-500-metri-od-titanik-03.jpg

Засега не се најдени телата на ниту еден од патниците, но се верува дека ниту еден од нив не можел да ја преживее експлозијата на подморницата.

Маугер рече дека далечински управуваните возила ќе ја продолжат потрагата на дното на океанот.

За потсетување, малата подморница „Титан“ на која се наоѓале петмина туристи кои платиле по 250.000 долари за да го посетат потонатиот брод  „Титаник“ исчезна во неделата (18.06), а првично се веруваше дека жртвите може да преживеат од 70 до 96 часа благодарение на резервите на кислород, рок кој истече денес напладне.

Прочитајте и Случајот кој го следи цел свет: Сите детали за исчезнатата подморница со милијардери туристи, што потона во близина на „Титаник“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
Девојка од САД која го нарачала убиството на мајка ѝ е пуштена од затвор Голем дел од животот, Џипси го поминала мислејќи дека е болна – користела инвали...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg