Девојче (13) било заробена под урнатини, умирало 3 дена – Приказната зад една од најпотресните фотографии во светот

И покрај околностите, Омајра била оптимист. Според колумбиски новинар кој разговарал со неа, на моменти била исплашена, плачела и се молела, но сепак останувала позитивна. Во еден миг дури и почнала да му пее.

На третата ноќ од катастрофата, Омајра почнала да халуцинира – велела дека не сака да задоцни на училиште, а зборувала и за тест по математика.

По речиси 60 часа, очите на Омајра станале црвени, лицето ѝ било потечено, а дланките ѝ побелеле.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-08.jpg

Неколку часа пред смртта, ги замолила луѓето околу неа да ја остават да се одмори.

Кога спасувачите се вратиле со пумпа за вода, сфатиле дека е невозможно да ја извадат без да ѝ ги ампутираат нозете. Штом лекарите ја воочиле нејзината состојба, заклучиле дека е многу похумано да ја остават да умре.

Омајра умрела на 16-ти ноември околу 10 часот наутро, најверојатно од гангрена или хипотермија.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-10.jpg

Потресната фотографија што ја спомнавме на почетокот е направена на 16-ти ноември, кратко пред смртта на девојчето.

Кога фотографот стигнал во гратчето, се чувствувал беспомошно и сфатил дека единственото нешто што може да го направи е да ја зголеми свеста за трагедијата.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-03.jpgГратчето на Омајра Санчез по катастрофата

Сакал да му покаже на светот за храброста, но и страдањата на малата Омајра за да го забрза собирањето средства за другите настрадани.

И, ја постигнал целта – целиот свет дозна за катастрофата.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-12.jpg

Најтрагичното во целата ситуација е тоа што пред ерупцијата, биле забележани знаци на активност кај вулканот.

Но, надлежните не презеле ништо и дозволиле да се случи трагедија што можела да биде избегната.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg