Девојче (13) било заробена под урнатини, умирало 3 дена – Приказната зад една од најпотресните фотографии во светот

Во 1985-та, по вулканска ерупција во Колумбија, настанало свлекување на земјиштето кое наликувало на огромна река од кал. Свлекувањето уништило 13 села и убило 25.000 луѓе. Меѓу нив била и 13-годишната Омајра Санчез, чија фотографија направена неколку часа пред смртта се смета за една од најпотресните на светот. Предупредување: Фотографиите во текстот се вознемирувачки.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-01.jpg

Во 1985 година, целиот свет дозна за 13-годишната Омајра Санчез. За жал, причината за овој публицитет беше потресна фотографија направена кратко пред нејзината трагична смрт.

Фотографијата е дело на фотографот Френк Фурниер, а на неа е малото девојче кое со изморен поглед гледа кон камерата. До рамениците, Омајра е под вода. Водата е матна и во неа има секакво ѓубре.

13-годишното девојче било заробено во ова положба цели 60 часа пред да умре.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-09.jpg

Како Омајра Санчез се нашла во оваа положба и зошто никој не можел да ја спаси?

Причината за смртта на Омајра е вулканска ерупција која предизвикала свлекување на земјиштето кое резултирало со уништување на 13 села и еден град, како и смртта на околу 25.000 луѓе.

На 13 ноември во 21 часот, еруптирал вулканот Nevado del Ruiz во Колумбија.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-07.jpgВулканот неколку дена по ерупцијата

Иако самата ерупција не била многу силна, предизвикала вид свлекување на земјиштето кое изгледа како огромна река од кал, карпи и вода, познато како „лахар“ (lahar).

Ваквите свлекувања предизвикани од вулканска ерупција се многу деструктивни - се движат брзо и можат да достигнат длабочина и до 140 метри.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-13.jpgСвлекување на земјиштето предизвикано од ерупција на вулканот Сент Хеленс (изгледа како голема кафеава река)

„Лахарот“ што го предизвикала оваа ерупција е еден од најпознатите и најдеструктивните што му се познати на човештвото.

Прв на мета бил градот Армеро, а по него биле уништени уште 13 села.

Реката од кал рушела сè пред себе, па илјадниците луѓе кои ѝ се нашле на патот или загинале, или останале заробени под нивните срушени домови.

Омајра била една од жртвите кои биле заробени.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-06.jpgПоследица од катастрофата

13-годишното девојче било затрупано под остатоци од бетонски градби, но низ пукнатина успеала да ја протне раката за да побара помош.

Еден од многуте спасувачи го забележало девојчето и успеал да ги растргне бетонските остатоци.

Омајра била извлечена до половината, но кога спасувачите пробале да ја извадат цела, сфатиле дека нозете ѝ се приклештени.

Покрај тоа, секогаш кога ја помрднувале, просторот околу неа се полнел со вода. Поради ова, постоела опасност да се удави пред да ја извлечат, па престанале да се обидуваат.

bila-zarobena-pod-urnatini-umirala-3-dena-prikaznata-zad-edna-od-najpotresnite-fotografii-vo-svetot-04.jpgОмајра Санчез

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg