Совршените временски услови и 128-илјади гледачи го поздравија враќањето на Red Bull Air Race во Казан, каде што Мартин Шонка ја освои втората последователна победа во оваа светска серија на авионските трки. На второто место е Американецот Мајкл Гулијан, кој сега повторно се наоѓа на врвот од табелата, додека неговиот земјак и минатогодишен победник, Кирби Чемблис, пак се искачи на подиумот, но овојпат како третопласиран.