Која е Италијанката што со „Зајди, зајди“ освои бронза на СП во ритмичка гимнастика?

За жал, италијанските медиумите пишуваат дека „Зајди, зајди“ е бугарска песна...

koja-e-italijankata-shto-so-zajdi-zajdi-osvoi-bronza-na-sp-vo-ritmichka-gimnastika-01.jpg

Александра Агургукулезе (целосно име Alexandra Ana Maria Agiurgiuculese) е ритмичка гимнастичарка родена во Романија, но која ја претставуваше Италија на Светското првенство во ритмична гимнастика.

Таа имаше спектакуларен настап на македонската песна „Зајди, зајди“ и го освои бронзениот медал на натпреварувањето кое се одржа во Софија, Бугарија.

View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Agiurgiuculese (@agiurgiualex_15)

Досега има освоено 4 медали на Европските јуниорски првенства, а уште низа медали на ниво на Италија.

Александра има брат и сестра и со семејството живее во Удине, Италија од 2010 година.

Италија е во солзи од среќа поради настапот на Александра, која по 27 години пауза ѝ донесе медал на Италија на светски натпревар од овој тип. Италијанските медиуми заклучија дека 17-годишната гимнастичарка испишала историја. Тие ја коментираа и уметничката вредност и моќноста на композицијата „Зајди, зајди“ на која танцуваше младата гимнастичарка, но за жал ја претставија како бугарска песна, а не македонска.

Сепак, ние добро знаеме за чија песна станува збор и горди сме што токму неа младата и талентирана Александра ја избрала за својот настап.

Alexandra Agiurgiuculese - Bronze Medal Ball Final - World Championships 2018 Sofia

Per chi non lo avesse visto, ecco l'esercizio di Alexandra Agiurgiuculese che le è valso il bronzo mondiale alla palla #rgsofia2018 [Staff]

Posted by Alexandra Agiurgiuculese on Tuesday, September 11, 2018
" data-width="630" data-show-text="false">
Alexandra Agiurgiuculese - Bronze Medal Ball Final - World Championships 2018 Sofia

Per chi non lo avesse visto, ecco l'esercizio di Alexandra Agiurgiuculese che le è valso il bronzo mondiale alla palla #rgsofia2018 [Staff]

Posted by Alexandra Agiurgiuculese on Tuesday, September 11, 2018

Дел од фотките на Александра:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
„Македонско девојче“ ечи во Париз: Јокиќ пее качен на стол, српските кошаркари ја славеа бронзата (в... Кулминацијата на прославата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се ...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg