По скандалот со црниот комбинезон, Серена Вилијамс на US Open играше со здолниште од тул
- Детали
- петок, 31 август 2018
Само неколку дена откако Француската тениска федерација објави дека црниот тесен комбинезон е неприфатлив за стандардите на натпреварите, Серена Вилијамс отиде чекор подалеку и облече здолниште од тул.
Серена Вилијамс прослави победнички резултат на US Open, облечена во виолетово здолниште од тул.
За „првата рунда“ од турнирот Серена Вилијамс одбра идентичен модел, само во црна боја, со еден ракав.
Минатата сезона, во мај, на French Open Серена се појави во црниот мачкест комбинезон, кој беше претесен со добра причина, односно неговата цел беше да спречи формирање на згрутчување на крвта низ телото, со оглед на тоа што беше тазе породена.
На забраната од Француската тениска федерација, Серена одговори ладнокрвно, дека ниту еден маж не може да диктира што точно ќе носи жената на теренот.
Очигледно кршењето на правилата продолжува, но во облик на здолништа од тул:
М. Д. | Црнобело