На само две трки до крајот на сезоната од Светското првенство Red Bull Air Race, време е за менување на патеката. Две недели по неверојатните 850 илјади гледачи на улиците на Порто, Португалија, најдобрите пилоти на светот ќе се натпреваруваат повторно – точно пред трибините на германскиот автодром Лаузицринг, кој се наоѓа меѓу Берлин и Дрезден. Сите ќе се обидуваат да го престигнат моменталниот лидер на табелата, Мартин Шонка. Дали чешкиот пилот може да биде уште побрз за да остане предводник на „јатото“?