Муроја се вивна во двојна победа во Јапонија
- Детали
- вторник, 06 јуни 2017
Најбројната досега видена публика во сезоната на Red Bull Air Race беше сведок на најголемиот резултат на домашниот херој Јошихиде „Јоши“ Муроја, кој постигна редок двоен триумф - две победи во низа на домашен терен и две последователни победи во сезоната. Со тоа воедно се најде и на врвот на табелата во генералниот пласман. Чешката република за првпат во историјата на овој спорт имаше двајца пилоти на подиумот, Петр Копфстајн и Мартин Шонка, кои беа второто и третото место.
Чиба (Јапонија) - Деведесет илјади супер фанови на Red Bull Air Race „полудеа“ во Чиба, Јапонија, откако нивиот херој се прославуваше при секое појавување на патеката и ја повтори победата од лани на домашен терен, што воедно беше и негова втора победа во сезоната. По не толку убедливиот старт и одмерувањато на силите во првите рунди, времето на Муроја од 55,288 во последната етапа на најдобрите четири пилоти (Финал 4) беше за убедливи 0,558 секунди подобро од она на Чехот Петр Копфстајн, кој го освои својот прв подиум во кариерата во својата само втора сезона од ова светско натпреварување. Другиот опасен Чех, Мартин Шонка, беше трет, а тоа е негово второ искачување на подиумот во оваа сезона.
Резултатот ја збогати драмата од веќе превозбудливата сезона, во која Муроја за првпат во својата кариера, сега е прв во генералниот пласман, но без бодовна предност пред Шонка. Тие се изедначени во поени, имаат по 30, но поради тоа што Јапонецот има две победи, а Чехот една во 2017 година, Муроја води на табелата трката што ќе ја означи средината на оваа сезона од осум трки на светскиот шампионат, односно четвртата станица на Red Bull Air Race во унгарската престолнина Будимпешта на 1 и 2 јули. Но и тие двајца се далеку од сами во потерата по титулата: минатогодишниот светски шампион Матијас Долдерер од Германија, кој исто така беше во финалната четворка во Чиба, е на само седум поени од нив, како третопласиран, додека Копфштајн е дополнителни шест поени зад него. Потоа, тука е и големата група од други пилоти кои се тесно наредени околу средината на табелата. Многумина очекуваат трката во Будимпешта да биде решавачка...
- Многу сме среќни што повторно победивме во Чиба, и сакам да им се заблагодарам на сите овде, во Јапонија, за нивната поддршка. И јас имав среќа, но на крајот и некои од другите пилоти направија грешки,- рече Муроја, чија претходна победа во сезоната 2017 беше на априлската трка во Сан Диего, САД. - Имаме уште пет трки, па треба да продолжиме како и досега. „Сет-апот“ на нашиот тим е прилично добар, и мораме да се држиме до истата тактика, да одиме по планот и да продолжиме најнормално за да победиме на уште повеќе трки.
Билетите за светскиот шампионат Red Bull Air Race, меѓу кои и за четвртата станица во срцето на Будимпешта, Унгарија, на 1 и 2 јули се веќе во продажба. За повеќе информации за билети и најнови вести посетете го сајтот.
Резултати Мастер Класа Чиба 2017:
1. Јошихиде Муроја (Јапонија),
2. Петр Копфштајн (Чешка),
3. Мартин Шонка (Чешка),
4. Матијас Долдерер (Германија),
5. Мајкл Гулијан (САД), Мат Хол (Австралија)
7. Пит Меклиод (Канада),
8. Кирби Чемблис (САД)
9. Микаел Бражо (Франција),
10. Хуан Веларде (Шпанија),
11. Франсоа Ле Вот (Франција),
12. Петер Подлуншек (Словенија),
13. Николас Иваноф (Франција),
14. Кристијан Болнтон (Чиле).
Генерален пласман:
1. Јошихиде Муроја (Јапонија) 30 поени,
2. Мартин Шонка (Чешка) 30 поени,
3. Матијас Долдерер (Германија) 23 поени,
4. Петр Копфштајн (Чешка) 17 поени,
5. Пит Меклиод (САД) 14 поени,
6. Мајкл Гулијан (САД) 14 поени,
7. Хуан Веларде (Шпанија) 13 поени,
8. Петр Подлуншек (Словенија) 12 поени,
9. Кирби Чембпис (САД) 10 поени,
10. Николас Иваноф (Франција) 10 поени,
11. Мат Хол (Австралија) 8 поени,
12. Кристијан Болтон (Чиле) 4 поени,
13. Микаел Бражо (Франција) 4 поени,
14. Франсоа Ле Вот