Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака
- Детали
- понеделник, 19 февруари 2024
Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на турнирот од светската премиер лига, Серија А, што се одржа во Ларнака, Кипар. Претставничката на скопскиот клуб беше меѓу 946 натпреварувачи од 83 држави што се бореа за највисоките признанија.
Заборска во елиминацискиот дел забележи три убедливи победи, а во осминафиналето заработи тешка повреда на носот на пет секунди пред крајот со Ксенија Дрончанка од Полска. По ова, македонската натпреварувачка доби лекарска забрана да ги продолжи борбите. Нејзината противничка во четвртфиналето Мирна Атија од Египет се пласира во финалето, но забраната за настап ја ограничи Заборска и таа на крајот го зазеде високото седмо место во конкуренција на 96 спортистки во категоријата под 55 килограми.
Заборска ги оствари следните резултати против: Софи Сантило (Англија) 4-1, Лаура Бергант (Словенија) 3-1, Ксенија Дрончанка (Полска) 1-0, Мирна Атија (Египет) 0-0. Викторија Јовановска ја победи Алис Варџиу од Италија, но беше поразена од холандската спортистка Ашлеј Какијај. Давид Петков оствари три победи и тоа против: Јевгени Середа (Украина) 4-2, Алесандро ди Марко (Италија) 1-0 и Џоби Вилсон (Англија) 4-1. Петков беше поразен од украинецот Валентин Наида.
Витомир Трајковски ги совлада Давид Шетохин (Украина, 6-1) и Хон Ибара (Шпанија, 3-0), но беше поразен со 2-1 од Нико Мантере од Финска. Останатите резултати на каратистите на „Макпетрол“ се: Петар Заборски - Саман Едалати (Иран) 0-3 и Петар Спасеновски - Аро Туоминен (Финска) 3-6.